Слатки животни кои си служат едни на други како перница
Животните се секако слатки кога спијат. Уште послатки се кога спијат заедно, без разлика дали се од ист или од различен вид. Иако разните видови животни имаат различни навики за спиење, сепак тие понекогаш можат да се прилагодат едни на други за да уживаат во заедничка дремка.
Слоновите на пример, спијат по 3-4 часа бидејќи голем дел од денот поминуваат во јадење, малите кафени лилјаци спијат по 20 часа заради тоа што ја имаат привилегијата да живеат безбедно во тешко достапни стебла, додека некои морски цицачи како фоките и китовите можат да спијат само со половина мозок, додека другата половина се грижи да останат да пловат во водата.
Уживајте во галеријата која ќе ви го стопи срцето.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.