Месната преработена храна како виршлите, колбасите и саламите има многу калории, масти и сол. Со редовно конзумирање, по неколку пати неделно, го доведувате организмот до ризик од дебелеење, дијабетес, срцеви болести и рак.rnrnСигурно многупати сте чуле дека сувомесните производи не се добри за вас, но веројатно целата вистина за тоа колку се всушност нездрави не сте ја знаеле досега. Месната преработена храна ги опфаќа сите месни производи кои го поминале процесот на солење и хемиска обработка со кои се продолжува нивниот рок на траење. Еве ги ризиците од нив.rnrn
rn
1. Дебелеење
rnСувомесните производи се полни со сол, калории и масти. Премногу сол во вашето тело доведува до задржување на водата и надуеност. Уште повеќе сол и масти внесувате ако ги јадете овие производи во сендвич со многу сирење, мајонез и слични додатоци.rnrnУште еден проблем со месните производи е што со внесувањето на сол и масти ви се забавува системот за варење што ве прави потроми, па наместо да се позанимавате со физичка активност, ви доаѓа да си поспиете.rn
2. Срцеви болести
rnЗнаете ли колкав товар за вашиот организам претставува кога ќе изедете една виршла или некое друго преработено месо? Добивате трипати поголема количина сол отколку кога ќе изедете сендвич со печено пилешко месо. Солта внесена во преголеми количини во организмот е опасна бидејќи тоа ги ослабува крвните садови, а тоа доведува до срцеви болести.rnrnВашето тело не може да преработи толкава количина сол. Задржувањето на водата заради внесената сол го зголемува протокот на крвта и тука доаѓаме до проблемот – што поголем проток на крв, толку вашето срце мора да испраќа повеќе крв до вашите артерии – заради што тие многу се оптоваруваат.rn
3. Дијабетес
rnИстражувањата покажуваат знаци на опасност во нитритите кои се содржани во месните производи. Имено, според експертите за дијабетес, нитритите го намалуваат излачувањето на инсулин и негативно влијаат на нивото на глукоза во крвта. Според едно недамнешно истражување на Харвард, само една порција со преработено месо на ден (2 парчиња салама или една виршла), го зголемува ризикот од појава на дијабетес за 29%.rn
4. Рак
rnШведските научници откриле дека помеѓу оние кои јадат месни производи е зголемен ризикот на рак на желудникот. Долгогодишна студија спроведена на Хаваи покажала дека оние кои најмногу јаделе преработено месо имале за 67% поголем ризик за рак на панкреасот во однос на оние кои јаделе ретко или никогаш.rnДоколку сакате да продолжите да јадете месни производи, препораката од стручњаците е да не го правите тоа повеќе од еднаш неделно.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.