Музиката е насекаде околу нас. Слушаме музика додека пешачиме, работиме, одмораме. Но, ако одговорот на прашањето каква музика слушате е „од сè по малку“, тогаш време е да почнете внимателно да го градите музичкиот вкус.
rn
Слушајте различни радио станици
rnАко постојано го слушате истото радио, можеби е време нешто да смените. Повеќето радија се држат до сопствените музички листи и ретко се отворени за нови музички артисти и стилови. Можете да слушате некои од многуте светските онлајн радија и постојано да истражувате.rn
Откривајте нови жанрови на музика
rnАко слушате комерцијални радио станици, тогаш сте запознаени со само мал дел од музичкиот спектар. Наместо тоа, одете на Википедија и информирајте се за некој жанр. Читајте за неговите главни карактеристики и претставници. На пример, почнете со блуз. Со текот на времето, ќе го најдете жанрот што вам најмногу ви се допаѓа и полека ќе градите вкус и став за таквиот вид музика.rn
Слушајте цели албуми
rnЗа многу артисти албумот е уметничко дело. Ако знаете само една песна од некој бенд, навистина не е доволно за да кажете дека го слушате тој бенд. Почнете со преслушување на омилените песни од одреден артист, а потоа преслушајте ги и албумите.rn
Слушајте ги албумите според хронолошки редослед
rnДоколку имате слободно време, одете малку подлабоко во разбирање на музиката и слушајте ги албумите на омилениот артист според хронолошки редослед. Кај некои бендови последната песна од претходниот албум е поврзана со првата од наредниот. Познавањето на таквите моменти навистина ќе ви го продлабочи и развие разбирањето на нивната музика.rn
Читајте рецензии
rnКога слушате музички албум за првпат, слушајте го многу внимателно. Обрнете внимание на стилот, влијанието земено од други музичари, емоциите и слично. Откога ќе го преслушате, прочитајте рецензии и видете дали се согласувате со размислувањата. Доколку не, можете да искоментирате и аргументирано да си го кажете своето мислење.
rn
Забележете како реагирате на омилената музика
rnАко веќе сте откриле кои бендови и музички стилови најмногу ви се допаѓаат, обидете се прецизно да си објасните зошто е тоа така. Вашиот музички вкус е гласот на потсвеста, и ако обрнете внимание на вашите емотивни и физички реакции кон омилената музика, можете да научите повеќе за себе.rn
Знајте ги музичките инструменти
rnМногу важен елемент во подлабокото разбирање на музиката е слушањето на различните инструменти кои заедно го произведуваат неверојатниот звук. На интернет, можете накратко да се запознаете со сите инструменти вклучени во еден оркестар и да стекнете основно знаење.rn
Слушајте или гледајте музички документарци
rnСлушањето или гледањето музички документарци ќе ви помогне да ја разберете поврзаноста меѓу вашата омилена музика и социјално-економските услови за време на нејзиното создавање, што ќе ви даде поширока слика и сфаќање.rn
Споредувајте различни верзии
rnКога слушате песна од омилениот бенд, слушајте ја во сите варијанти во кои се појавува. Ова ќе ви го развие слухот за темпо, ритам, боја, емоција и сите ситни детали на едно музичко дело.rn
Одете на концерти
rnОдете на концерти, свирки и музички фестивали кои одговараат на вашиот музички вкус. Тоа е најголемата награда за еден артист и знак дека навистина ги цените нивната музика, настап и енергија.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

