Дизајнерката Карина Остермаер направила пар слушалки кои таа ги нарекла „Guitar Ear-O“. Она што е навистина интересно во дизајнот на овие слушалки е фактот што се направени од сирови материјали кои останале од неисправни електрични гитари. Во овој иновативен дизајн, таа ги употребила остатоците од вратот на гитарата за да ги спои слушалките, додека пак самите звучници се направени од дрвеното тело на гитарата.rnrn
rnrnВо денешно време кога масовно се создава, се случува да се фрлаат многу вредни материјали доколку продуктот не го помине тестот поради мали дефекти, но концептот на Остермаер е визуелно привлечен продукт кој истовремено се бори и со проблемот на безвредноста. Дизајнот им дозволува на овие инструменти да продолжат со својата цел во музиката, но малку променети на еден нов и стилски начин, наместо да бидат фрлени некаде каде што никој никогаш повторно нема да ги погледне.rnrn
rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.