Еве што прочитав неодамна: „Готвиме, жалејќи се на изгубеното време, а можеме да вложиме љубов во храната.“ Јас би рекла, живееме жалејќи се за она што го немаме, наместо да ја вложиме сета страст во животот.rnrnСекогаш дозволувам максимално да бидам инспирирана од луѓе кои живеат впечатливо, кои го вдишуваат животот со „полни плуќи“. Ако работиш нешто – изработи го до перфекција. Ако се најдеш на одредено место и време, потруди се да бидеш корисен. Ако имаш нов ден на располагање, нека биде продуктивен. Ако ти е даден живот на земјава, нека биде со причина.rnrnЗа мене отсекогаш постоеле две групи на луѓе: оние кои создаваат и оние кои мрчат. Моето искуство со пишување, на некој начин ме направи жилава и отпорна на отровни мрчатори. Од една страна е човекот кој вложил труд, време и идеи за да напише, да создаде нешто, ти дал парче од душата негова, неговите мисли ти се подадени како на чинија, од друга страна е негативецот кој имал лош ден, неговиот идентитет е скриен и слободно издвојува неколку секунди од неговото слободно време да плукне по твоето дело.rnrn
rnОти му се може.rnrnПогодете што? Плукнатото никогаш не се запишало во историјата. Делото е она што се памети.rnrnМодерниот свет на брзите информации и моќта на интернетот те прават апсолутна мета за критика. Ајде, те чекаме, згреши една буква, направи нешто погрешно, или макар нешто што јас можам да го протолкувам како ужасно.rnrnЗошто? За да се чувствувам подобро за самиот себе.rnrnЛекот е секој да си ја гледа својата работа. Ако си јавен службеник, потруди се да ги услужиш луѓето и да им го олесниш животот – и нив ама ич не им е мерак да се рашетуваат по шалтери. Ако си доктор – излекувај го човекот. Ако си учител – научи ги децата, најдобро што можеш. Вложи труд, време и внимание.rnrnСè додека не си го гледаме сопствениот двор а го кудиме туѓиот, ништо нема да изработиме до перфекција, ниеднаш нема да си дозволиме да го вдишеме нашиот успех во полн ек, никогаш нема да се подобриме оти не знаеме да бидеме самокритични.rnrnИздржана критика е едно, навредливо мрчење без никаква основа е нешто сосема друго. Јас одлучив да бидам во тие што создаваат. Никогаш да не ни секне инспирацијата, никогаш да не се обесхрабриме, никогаш да не забораваме да бидеме благодарни за она што го имаме и да знаеме да се вреднуваме соодветно за она што сме го создале.rnrnАко вие денес со вашиот збор или постапка сте успеале да допрете макар до едно лице – сте направиле успех. Кога ќе си легнеш да спиеш прашањето што си го поставуваш е „Што сторив денес, што научив, што создадов?“, а не „Колку денес јас бев „издржан хејтер“?rnrnЕлиrnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
