10 знаци кои укажуваат дека сте среќни
На нашето секојдневно расположение влијаат многу фактори, работата што ја работиме, љубовниот живот, пријателите, семејството… Сепак, истражувањата покажуваат дека среќата во одредена мера е и прашање на избор. Па, зошто тогаш ни е толку тешко да избереме среќа?
Ќе се изненадите од одговорот – можеби сме посреќни отколку што мислиме, само не сме свесни за тоа бидејќи не ги препознаваме знаците кои укажуваат на нашата среќа.
Хафингтон пост направи листа на 10 знаци кои укажуваат на среќа. Колку од нив препознавате кај себе?
1. Сакате да ја делите вашата среќа со други
2. Не се нервирате за мали работи
3. Но, се радувате за мали работи
4. Знаете да се гордеете со туѓ успех
5. Свесни сте дека е важно да се живее во моментот
6. Имате здрав однос со партнерот и со останатите луѓе
7. Кога нешто ќе ве извади од такт знаете како да се смирите
8. Свесни сте дека парите не се најважната работа на светот
9. Лесно склопувате пријателства
10. Имате постигнато некои од своите цели
Изгледа патот до вистинската среќа е многу едноставен ако тргнеме од она што го чувствуваме и мислиме како што нè учат популарните книги за самопомош, а тоа значи и дека нужно мора да гледаме на поведрата страна на нештата.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.