Инспиративни цитати од ТВ серијата „Вовед во анатомија“
Понекогаш на сите нас ни е потребна малку инспирација. За среќа, нашите омилени ликови од ТВ серијата „Вовед во анатомија“ можат да ни помогнат во постигнувањето на оваа цел.
Од самиот почеток во 2005-тата година, „Вовед во анатомија“ стана една од најгледаните ТВ серии ширум светот. Таа ни донесе многу смеа, солзи, скршени срца, драма како и разнообразни карактери во кои едноставно не можеме да не се заљубиме.
Една од многуте работи кои навистина се истакнуваат во оваа ТВ серија е сценариото. Епизода по епизода, преку дијалозите на ликовите ние постојано се замислуваме за животот и се инспирираме за нашите животни планови. Погледнете ги наредниве неколку цитати кои со сигурност ќе успеат да ве инспирираат и вас…
Цитати за кога нештата се распаѓаат
Кога се чувствувате како сè околу вас да се распаѓа и кога ви е тешко да поверувате дека нештата би можеле да се поправат, понекогаш сè што ви е потребно е едно мало потсетување дека можеби сепак постои причина за она што ви се случува.
Дени Дукет: „Изгледа понекогаш треба да го направиш погрешното нешто. Понекогаш треба да направиш голема грешка за да сфатиш како да ги поправиш работите. Грешките се болни, но тие се единствениот начин на кој можеме да дознаеме кои сме навистина ние.
Леванжи: „Знам дека не е совршен, но сепак е живот. А животот понекогаш е замрсен.“
Цитати кои ќе ве замислат
Сите ние сакаме одлични цитати кои ќе нè натераат да се замислиме. Цитати кои понекогаш дури и ќе успеат да ни ја сменат перспективата за одредени нешта… Ако за нешто се успешни ликовите од оваа ТВ серија, тоа дефинитивно се дијалозите преку кои ни ги менуваат перспективите.
Изи Стивенс: „Никогаш не знаеш кој ден во твојот живот е најголемиот ден. Сè додека не почне да се случува. Не го препознаваш најголемиот ден во твојот живот сè додека не дојдеш на половина од него. Оној ден кога ќе се обврзеш за нешто или некого. Денот кога твоето срце ќе се скрши. Денот кога ќе ја запознаеш твојата сродна душа. Денот кога ќе сфатиш дека нема доволно време затоа што сакаш да живееш вечно. Тоа се најголемите денови. Совршените денови.“
Мередит Греј: „Ако има само еден совет кој би можела да ти го дадам, тоа е дека кога постои нешто што навистина го сакаш треба да се бориш за него, не се откажувај без разлика на тоа колку безнадежно ти изгледа. И кога ќе ја изгубиш целата надеж, запрашај се себеси дали за 10 години од сега ќе посакуваш да си му дала на тоа нешто уште само една шанса, бидејќи најдобрите нешта во животот не доаѓаат бесплатно.“
Цитати кои ќе ве насмеат
Одличните цитати не секогаш треба да ве замислат или инспирираат. Можеби понекогаш сè што ви е потребно е да земете еден слободен ден и да се обидете да се расположите. Без разлика на тоа како се чувствувате, наредниве цитати со сигурност ќе ја повикаат насмевката на вашето лице.
Кејти Брајс: „Главата ми е полна.“
Мередит Греј: „Тоа се вика размислување. Продолжи така.“
Мередит Греј: „Не мора да има харфи кои свират, птици кои пеат или ливчиња од ружи кои паѓаат од небото… Дефинитивно постојат и денови кога романсата е мртва. Но, ако погледнете околу себе ќе сфатите дека нештата се неверојатни. Затоа застанете за една секунда. Уживајте во убавината. Почувствувајте ја магијата. Впијте го тоа во себе. Бидејќи нема да трае засекогаш. Романсата избледува. Ќе се случат нешта. Луѓето ќе се променат. Љубовта ќе умре. Но, можеби, не денес.“
Мередит Греј: „Ние сме пријатели, вистински пријатели и тоа значи дека без разлика колку време ќе ти треба, кога конечно ќе решиш да погледнеш назад, јас ќе бидам таму.“
Цитати кои ќе ве инспирираат
Зарем има нешто подобро од инспирацијата кога станува збор за начините за подобрување на нашето расположение? Ликовите во оваа ТВ серија постојано се чувствуваат победени од врските, работата па дури и од животот, но сепак постојано наоѓаат начин како да се изборат против тоа.
Мередит Греј: „Во еден момент ќе мора да донесеш одлука. Границите не ги држат другите луѓе надвор од нив. Тие ве држат вам внатре. Животот е заплеткан. Така сме направени. Токму затоа можеш да го трошиш животот цртајќи линии или да живееш така што ќе поминуваш преку нив.“
Мередит Греј: „Подобро е да знаеш отколку да се прашуваш, подобро е кога се будиш отколку кога спиеш. И дури и најголемите грешки, и најлошите, се ѓаволски подобри отколку воопшто никогаш да не се обидеш.“
Мередит Греј: „Повеќе текила. Повеќе љубов. Повеќе од сè. Повеќе е подобро.“
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.