Колкав дел од вашата омилена гардероба била жртва на дамки кои се создале поради инциденти при јадење, незгоди или други непредвидени случувања? Никогаш не треба да брзате, откажувајќи се од нивното отстранување. Ова се неколку начини како да се справите со нив.rnrn
rn
Основни правила за поголема ефективност:
rn
- rn011
- Запаметете дека со дамките треба да се справите најбрзо што можете, бидејќи имате поголеми шанси да ги отстраните додека се свежи.
- Пред да употребите некакво средство за отстранување дамки, проверете на мал дел, дали облеката може да ја загуби бојата при процесот на чистење. На овој начин ќе се осигурате дека нема да ја отстраните дамката, притоа оштетувајќи го парчето облека.
rn011
rn
rn
Дамки од црвено вино
rnДоколку материјалот може да се пере само на суво (со хемиско чистење), употребете растворувач за суво перење. Во случај да нема ограничувања, прво директно нанесете отстранувач за дамки, а потоа преминете на процесот на перење според побарувањата на материјалот. Исто така, наместо со отстранувач, дамката можете да ја накиснете со минерална вода пред перењето.rnrn
rn
Дамки од чоколадо
rnНајпрво, оставете го чоколадото да се стврдне. Потоа со остар предмет нежно отстранете го чоколадото од материјалот. Ставете крпа под дамката и врз неа нанесете средство за суво чистење. Протријте ја дамката со прсти и полијте ја со топла вода. Доколку е потребно повторете ја постапката.rn
Дамки од трева (зеленило)
rnЗа материјали кои мораат да се перат на суво, пробајте дамката да ја отстраните триејќи ја со микс од светол оцет, вода и сода бикарбона. Хемиската реакција може да помогне дамката да биде отстранета. Доколку материјалот може да се пере на кој било начин, пробајте да ја отстраните дамката со микс од алкохол и вода (1:3). Оставете дамката да се исуши и потоа целосно исперете го парчето облека.rnrn
rn
Дамки од крв
rnСо дамките од крв морате да се справите најбрзо што можете. Започнете со ставање на дамката под млаз ладна вода и тријте ја со прсти. Доколку тоа не е доволно, употребете средство за суво чистење или пак отстранувач за дамки што се употребува при перење. Како домашен „лек“, можете да употребите микс од амонијак и вода и да го оставите парчето облека покиснато 20 минути.rn
Дамки од кафе
rnНабрзина нанесете отстранувач за дамки врз дамката. Потоа исплакнете ја со вода, загреана до температура која ја дозволува материјалот. Доколку дома немате ваков отстранувач, пробајте истото да го сторите со сјај за садови.rnrn
rn
Дамки од мастило
rnПоставете чиста ткаенина под дамката и прскајте ја дамката со лак за коса додека таа не излезе. По прскањето почекајте неколку секунди, а потоа протријте со друго, чисто парче ткаенина. Повторувајте го процесот додека дамката не се исчисти целосно.rn
Дамки од масло за готвење
rnНајпрво на мрсната дамка нанесете прашок што апсорбира (бебешка пудра, пченкарно брашно или сода бикарбона) и оставете го некое време. Доколку дамката се уште не е излезена, употребете средство за суво чистење и не заборавајте под дамката да ставите крпа или старо парче материјал.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
