Љубовни прогнози за 2014 според индиската астрологија

Љубовни прогнози за 2014 според индиската астрологија

Нека ни е среќната новата година. Сигурно имате многу љубовни желби за 2014 кои се надеваме ќе ги остварите. Во меѓувреме, уживајте во љубовните предвидувања според индискиот хороскоп за 2014.

*Забелешка: Знаците во индиската астрологија се разликуваат од оние во западната. Обрнете внимание на периодите на кои се однесуваат.

Љубовни прогнози за 2014 според индиската астрологија

Овен (14 април – 14 мај)

Во последно време не ви е баш лесно да пловите во љубовното кајче, но сега ѕвездите ќе ви помогнат или да се посветите или да ја напуштите љубовната врска за која се прашувавте дали е вистинската. Ако сте се плашеле да си заминете, може да добиете сила да го преземете тој чекор. Ако пак на двајцата ви е потребно повторно да се поврзете, ова е одличен период да одите на кратки патувања со вашиот/та љубен/а и да уживате во заедничкото време поминато на некое живописно место.

Бик (15 мај – 14 јуни)

Време е да излезете и да најдете некоја нова личност во вашиот живот. Ова може да биде најдобриот период од вашата врска, па затоа гледајте да го искористите најмногу што можете. Ценете го тоа што го имате и уживајте во интензитетот на вашата љубов.

Близнаци ( 15 јуни – 16 јули)

Внимавајте на избувнувањата и гледајте да не дозволите да бидете испровоцирани. Комуницирајте јасно и покажувајте што чувствувате. Фокусирајте ја енергијата на подобрување на некои работи во вашиот живот за кои подолго време размислувате, како на пример вашето возило или вашиот дом. Ѕвездите ве охрабруваат да растете и да се развивате и ве поттикнуваат да го отворите срцето за нови интуитивни чувства и романтики.

Рак (17 јули – 16 август)

Јупитер, планетата на среќата и на развојот, ќе го благословува вашиот романтичен живот како што ќе навлегува во вашиот знак. Може да почувствувате и душевен развој на вашата психа. Искористете ја можноста да се развиете бидејќи ѕвездите истовремено ви помагаат да ги остварите вашите цели и притоа да вложите најголема храброст. Бидете бестрашни и соочете се со вашите проблеми во врската, но запомнете дека треба да се потпрете на вашето срце, а не на вашиот разум.

Лав (17 август – 16 септември)

Внимавајте на грубиот тон бидејќи ѕвездите предупредуваат на иритации и нетрпение. Искористете го ова како можност да научите повеќе за тоа како треба да се изразувате кога ќе настане конфликт и како да извлечете најмногу од вашите напори за добра комуникација. Ќе добиете екстра поддршка од вашите пријатели, па не заборавајте дека и вашиот партнер ви е исто така најдобар другар. Одржувајте ја вашата љубов така што ќе вложите дополнителен напор преку слатко изразување насочено кон партнерот.

Девица (17 септември – 16 октомври)

Ова е добра година за да излезете накрај со лошите навики од кои се надевавте дека ќе се ослободите па затоа посветете се најмногу на вашето здравје, а ова ќе дополнително ќе ве подигне, што пак ви е потребно за да се покажете себеси во најдобро светло во вашата врска. Ѕвездите прават да се чувствувате малку неспокојно па канализирајте ја вашата енергија преку многу вежбање за да не дозволите да ги истурате вашите фрустрации врз оние кои ги сакате.

Вага (17 октомври – 15 ноември)

Сатурн е во вашиот знак до крајот на годината па може да очекувате интензивен период. Преземете чекори поцелосно да се поврзете со внатрешното јас за да можете вистински да се запознаете себеси. Ова ќе ви помогне да го изберете вистинското љубовно партнерство кога ќе наидете на таков потенцијал. За оние кои се во среќни врски, ова може да биде период кога ќе стапите во брак или барем ќе ја формализирате вашата врска.

Скорпија (16 ноември – 15 декември)

Вашиот партнер ќе биде постојано покрај вас и потполно ќе ве охрабрува кога ќе ви дојде наплив да си ги остварите вашите соништа и цели. Бидете сигурни да го вклучите во процесот за да не се чувствува запоставен додека вие се посветувате на други подрачја кои ќе го окупираат вашето внимание. Обидете се да не дозволите провокациите од вашите пријатели да ви застанат на патот до вашиот успех. Ако во моментов не сте во врска, ова може да биде време посветено на обид да се пронајде партнерот од соништата, затоа работете на себеподобрување и користете го вашето време додека сте сингл најдобро што можете.

Стрелец (16 декември – 14 јануари)

Ѕвездите сјаат врз вас па ако сте сингл, излезете и запознајте нови луѓе. Време е да се поврзете со нови личности и да остварите романтични врски. Ако сте во брак ќе забележите дека вашиот партнер се чувствува поддржан од ваша страна и расположен. Искористете го ова за да ја ширите и споделувате таа позитивна енергија и да ја продлабочите вашата врска. Славете ја среќата додека ја споделувате заедно, сега, во овој момент.

Јарец (15 јануари – 13 февруари)

Може да чувствувате дека вашата работа бара повеќе фокус па гледајте да не заборавите на вашиот партнер додека ги извршувате вашите обврски. Може да развиете нова врска со некој ваш ментор или со професор, па ова може да биде одлично време за личен и спиритуален напредок. Секој развој што ќе го направите внатрешно ќе расцвета и во вашиот љубовен живот.

Водолија (14 февруари – 14 март)

Романтиката е насекаде во воздухот, па гледајте да уживате во чувствата на заедништво. Земете одмор и отидете негде заедно бидејќи ова е одлично време за патување. Под влијание на друга култура можно е двајцата да созреете заеднички на сосема ново ниво.

Риби ( 15 март 0 13 април)

Ова е одличен период да го надградите вашето љубовно гнездо па искористете го времето за да ги разубавите нештата во вашиот дом. Истражете ги придобивките од фенг шуи, уметноста на поставувањето на предметите на одредени локации, со цел да си ја подобрите енергијата во домот, а особено во кујната и во спалната соба. Гледајте да побарате поддршка од партнерот и да се обидувајте се да се справувате со незначајните кавги. Ако сте сингл, немојте да претерувате со вложување во некој и не избрзувајте со влегување во нова врска. Полека, обидете се прво да ја запознаете личноста, без разлика колку супер ви изгледа на прв поглед. Препознавањето на добриот карактер може да значи нешто сериозно на подолг рок.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар