Арон Фотерингам има телесна попреченост целиот свој живот, а од третата година користи инвалидска количка. И покрај тоа, тој денес се занимава со екстремни спортови.rnrn
rnrnНеговиот брат, инаку страстен возач на BMX, го повикал со себе во паркот велејќи му дека треба да се обиде да направи некој трик со количката. Арон отишол, пробал и никогаш не престанал со тоа. Денеска користи количка изработена специјално за него, од внимателно одбрани материјали кои овозможуваат подобро возење и изведување на сите фристајл лудории кои тој сака да ги проба.rnrnВеќе учествува и во Нитро циркусот, па затоа на следното видео имате можност да ги погледнете триковите кои ги изведува за потребите на една реклама.rnrnrnrnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.