На 17 јануари 1899 година, италијански пар на емигранти (Габриел и Тересина), во Бруклин (Њујорк), на свет донесоа машко бебе. 14 години подоцна, синот на италијанскиот пар, се откажува од Католичкото училиште, поради расправија со професор и започнува да се занимава со секаков вид криминал и притоа станува еден од најпознатите гангстери во историјата. За кого зборуваме? Ал „Скарфејс“ Капоне, се разбира.rnrn
rnrnГолем број режисери и сценаристи од Холивуд, ја прераскажувале приказната за Капоне безброј пати, но колку навистина знаете за озогласениот криминалец?rnrnЕве 5 интересни факти за Ал Капоне:rn
- rn011
- Омилен пијалак на Капоне му бил Темплетон виски од ‘рж, кој потекнува од истоимениот град во Ајова;
- Специјално опремениот и блендиран Кадилак на Капоне е запленет од Американското министерство за финансии во 1932 година и подоцна е користен како примарна лимузина на Франклин Рузвелт;
- Капоне го добил прекарот „Скарфејс“ по една тепачка во локален бар на Кони Ајленд, при што заработил три длабоки расекотини на неговата лева страна од лицето;
- Иако сите го препознавале по неговиот надалеку познат прекар „Скарфејс“, неговите најблиски пријатели го викале „Снорки“ (Snorky);
- Откако претрпел физичка и ментална пропаст како резултат од невросифилис (мозочна инфекција), Балтиморскиот и воедно личен психијатар на Капоне, извршил тестови коишто покажале дека менталната состојба му се намалила до степен на 12 годишно дете.
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rnКапоне умира на 25 јануари 1947 година од срцев удар.rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
