Канадската компанија „Iceculture“ која изработува скулптури од мраз, прифатила еден неверојатен предизвик. Имено, компанијата „Canadian Tire“ сакала да докаже колку се отпорни акумулаторите кои се продаваат кај нив, на студено време, па решиле да ги најмат експертите од „Iceculture“ да изградат целосно функционален камионет кој ќе може да се вози.
Така тие го создале ова чудовиште од 7 тони (од кои 5 тони се мраз), на кое секој дел што не е потребен за возење е направен од мраз. Акумулаторите се тестирани на екстремно ниски температури кои достигнувале и до – 49 степени Целзиусови.
rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

