КАФЕ ПАУЗА

4 елегантни празнични комбинации

Следува празничен период со многу пригоди за славење и собири, како и прилики за празнични комбинации од вашиот плакар. Еве неколку предлог-празнични комбинации.rn

Џемпер и здолниште со мониста

rn4 елегантни празнични комбинацииrnСовршена комбинација на текстури за празничен но удобен изглед. Искомбинирајте впечатливо здолниште кое привлекува внимание со едноставен еднобоен џемпер. Одберете црни рамни обувки кои се класика и го „зачинуваат“ изгледот со поголема доза на женственост, впечатлив аксесоар, еднобојна ташничка, пунџа и црвен кармин.rn

Кошула без ракави, џемпер и фармерки

rn4 елегантни празнични комбинацииrnСовршен рецепт за нежна и стилска комбинација за секојдневен и опуштен изглед. Одберете едноставни фармерки, кошула без ракави, удобен еднобоен џемпер и нежен, женствен, ненападен накит како обетки во форма на панделки. Фризура со локни и не многу високи потпетици се совршен завршеток на овој изглед.rn

Чипкаст фустан и сако

rn4 елегантни празнични комбинацииrnСовршена комбинација за празнични прослави, коктел-забави и промоции. Чипкастиот фустан со интензивна боја во комбинација со сако, црни хулахопки и црни чизми до глужд со сигурност се добитна комбинација за женствен и елегантен изглед.rn

Елегантна, проѕирна кошула и црни панталони

rn4 елегантни празнични комбинацииrnЦрни, елегантни панталони се нешто што секоја девојка треба да го има во својот плакар бидејќи лесно се комбинираат во различни комбинации, стилови и пригоди. Во комбинација со елегантна, проѕирна кошула со црни јаки и обувки кои ќе разбијат монотонија се полн погодок за женствен, елегантен изглед совршен за дружење со пријателите, вечерни излегувања и празнични собири.rnrn
rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.