Неодамна, Зоолошката градина во Сан Франциско го дочекала новиот член на фамилијата горили и таа е неверојатно слатка. И покрај тоа што тука е и Нека – мајката на ова бебе, неодоливата 5-месечна Кабибе е одлично згрижена од страна на нејзината баба Баван, која ја заземала улогата на помајка на новороденчето.
33-годишната баба се има грижено и за поголемиот брат на Кабибе, Хасани, кој сега има 5 години. Како што изјавуваат претставниците од Зоолошката, Баван повторно презела огромна мајчина одговорност и со тоа им остава позитивен пример на останатите.
Како што може да се види и во видеото, малечката Кабибе е многу добро згрижена во љубезните раце на нејзината баба.
rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

