Дури и на најдобрите студенти некогаш им е потребна дополнителна помош. Бидејќи се ближи испитната сесија, ви претставуваме неколку бесплатни апликации кои сигурно ќе ви помогнат во учењето.rnrn
iStudiez Pro
rn
rnrniStudiez Pro е едноставна апликација за Mac, iPad, iPhone и iPod Touch. Ви овозможува да правите распореди во различни бои и да зачувувате кратки информации. Исто така, можете да правите потсетници, а тука е и опцијата за добивање нотификации при наближување на крајниот рок за дадена задача. Ова е една од подобрите апликации од ваков тип, особено за оние помалку организираните.rn
Evernote
rn
rnrnEvernote е супер апликација, бидејќи може да ја користите на самите предавања за фаќање белешки и за запишување на потребните материјали за одреден испит. Можете да ја поврзете и со компјутерот дома, за подобар пристап до белешките. Исто така, ви овозможува да ги зачувате интересните статии и веб-страници и да ги отворате подоцна. Навистина корисно.rn
SimpleMind
rn
rnrnSimpleMind е апликација со која можете да правите мапи во вид на гроздови од некој концепт што го учите. Гроздовите можат да бидат во различни бои, според важноста, што ќе ви помогне полесно да го разберете и запомните материјалот.rn
Blackboard
rn
rnrnBlackboard е апликација за Android, Blackberry и Apple. Истата може да се користи само доколку е одобрена од универзитетот и доколку и вашите професори и колеги исто така сакаат да ја користат. Доколку тоа е така, ќе може да најдете информации за сите распореди, предмети, оценки кои се објавени од професорите на универзитетот.rnrn
Speed Reading Trainer
rnrnСекој студент чита по илјадници зборови дневно и проблемот е што поминува многу време додека да го издвои најважното. Speed Reading Trainer ви нуди избор од тестови за подобрување на вештините на читање и разбирање на еден текст.rnrn
Dropbox
rn
rnrnDropbox е апликација што ви овозможува да имате пристап до преземените документи и информации во секое време. Истата може да се користи и на компјутер.rnrn
Flashcard +
rn
rnrnFlashcard + го враќа стариот метод на учење во модерното време. Можете да правите колку картончиња сакате за одредена лекција, и сето тоа бесплатно. Во апликацијата има и веќе направени модели, за тестирање на познавањето на главни градови на држави или математички факти. Навистина корисно.rnrn
Exam Countdown
rnrnОваа апликација можеби не помага директно во учењето, но е одлична за мотивација. Со преземање на Exam Countdown, ќе се појави часовник, кој ќе ве потсетува колку денови, минути и секунди ви остануваат до денот на испитот. Дефинитивно нема подобра мотивација од ова.rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
