Водич за одбирање совршен костум за мажи

Водич за одбирање совршен костум за мажи

Ова се неколку правила кои задолжително морате да ги знаете кога купувате свечено одело.

Водич за одбирање на совршен костум

Удобност

Додека одбирате одело, немојте да избрзувате и да го купите она што добро ви стои гледајќи се во огледало. Прошетајте малку во него, седнете, мрдајте со рацете, затоа што удобноста и слободното движење се најважни. Во спротивно воопшто нема да уживате во вашиот костум.

Бирање чорапи

Секогаш избирајте чорапи во иста боја како и вашите панталони. На овој начин визуелно ќе ги издолжите нозете.

Должина на ракавите

Совршена должина на ракавите на палтото е кога ќе ги поставите рацете покрај телото, а ќе се гледаат само четвртина или половина од манжетните на кошулата.

Должина на палтото

Совршена должина на платото е до седиштето на столчето кога сте во седечка позиција. Сè подолго од ова ќе ги прави вашите нозе набиени.

Кошула и вратоврска

Кога носите вратоврска секогаш мора да имате на ум едно важно правило – со еднобојна кошула можете да носите вратоврска со дезен и обратно.

Водич за одбирање на совршен костум

Елек

Додека носите елек, не смеете да дозволите кошулата да ви ѕирка во долниот дел.

Панталони

Кога купувате панталони треба да внимавате тие да се од материјал кој нема лесно да се гужва по подолго седење.

Ремен или трегери

Никогаш не носете ремен на одело, бидејќи ремените визуелно го сечат телото на два дела. Наместо тоа подобро да носите трегери.

Сако

Секогаш треба добро да ви стои во рамената. Никогаш не одбирајте сако кое ќе ви го ограничува мрдањето со рамениците, ниту пак некое кое е видно поголемо во тој дел.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар