На француските Алпи, поточно на врвот „Aiguille du Midi“ (3.842 метри) е поставена стаклена кабина од која и на најхрабрите ќе им се замрзнат нозете.
Од кабината има фантастичен поглед кон Монблан, а под стаклениот под има амбис од 1.000 метри. За поставување на оваа стаклена кабина биле потребни три години, а Французите гарантираат дека е многу цврста и максимално безбедна. Официјално за посетителите ќе биде отворена на 21 декември оваа година.
rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

