Преубавиот ангел на „Victoria’s Secret“, Адријана Лима, ја воодушеви јавноста кога по само 8 недели од нејзиното пораѓање се појави повторно на пистата.
Кога се појави во долна облека на пистата, целата јавност остана шокирана, а тогаш таа изјави дека резултатите ги постигнала благодарение на редовно вежбање. Сепак, дури сега таа на јавноста ѝ го покажа тренингот кој секојдневно го правела по пораѓањето. rnrn
„Со две мали девојчиња, навистина немам доволно време за теретана, а скокањето со јаже е нешто што можете да го правите по дома. Секој ден вежбам, додека тие две спијат“ – изјави Адријана за магазинот „Self“.
Погледнете како изгледа еден нејзин тренинг.
rnrnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

