КАФЕ ПАУЗА

Кафуле во Ница кое скапо ја наплатува непристојноста

Кафуле во Ница кое скапо ја наплатува непристојноста

Бидете пристојни или подгответе се да платите поскапо – ова накратко е пораката којашто едно кафуле во Ница сака да им ја испрати на своите муштерии, со една занимлива табла со цени.rnrnКафуле во Ница кое скапо ја наплатува непристојноста rnrnПерсоналот во „Staff at La Petite Syrah“ бил презаситен од грубоста на муштериите, па сега менаџерот решил на таквите луѓе да им наплаќа повеќе, со цел да ги убеди дека треба да го променат своето однесување. Неговиот трик му донел голема популарност на кафулето, преку социјалната мрежа Твитер.rnrnКафуле во Ница кое скапо ја наплатува непристојноста rnrnАко речете само „едно кафе“ тоа ќе ве чини 7 евра, нарачаното кафе со „ве молам“ на крајот ќе ве чини 4,25 евра, а реченицата „Здраво, едно кафе ќе ве молам“, ќе ве чини само 1.40 евра.rn
rn

Менаџерот Фабрис Пепино изјавил: „Започна како шега, бидејќи за време на ручек, луѓето кои доаѓаат во кафулето се честопати под голем стрес и понекогаш се груби со нас, ако имаат обврски. Ова е нашиот начин да им порачаме: останете спокојни и продолжете понатаму.“

rnКафуле во Ница кое скапо ја наплатува непристојноста rnrnОстрите мерки за грубото однесување коишто ги наложил г. Пепино, биле многу добро прифатени од страна на муштериите.rn
rn

Повеќето од муштериите во кафулето се редовни и тие успеваат да ја видат шегата зад ова мени и сега дури претеруваат со нивната учтивост. Почнаа да ме нарекуваат Ваше височество, секојпат кога ќе го видат знакот“ – објаснува тој.


rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.