Многумина мислат дека им треба тишина за да можат да се сконцентрираат на работата, но во суштина, би биле многу пофокусирани и попродуктивни доколку се опколени со вистинските звуци.rnrn
rnrnАпликацијата Coffitivity ви овозможува да ја пренесете опуштената атмосфера на кафулето во вашата канцеларија. Измешаните звуци на гласови и тропкање со шолји за кафе и други предмети е идеална за подигнување на вашата креативност. Ова е и научно поткрепено. Имено, истражувањата покажуваат дека е тешко да се биде креативен во тивка работна атмосфера. Од друга страна пак, фрустрирачки е да се работи во преголема галама. Но, комбинацијата од умерени звуци на кафуле и пријатна комоција е токму она што може да ги инспирира вашите креативни напливи.rnrn
rnrnПа, ова е уште една добра асоцијација за кафето. Направете си кафе, слушалките на уши и пуштете Coffitivity. И… не заборавајте да ги запишете сите идеи кои ќе ви паднат на памет. :)rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
