За ладните зимски денови, тука се топлите џемпери коишто стоеја во плакарот и го чекаа својот период толку долго време што сега се подготвени да станат кралеви на вашиот стајлинг. Меки и удобни, елегантни, со дезени и со сложени плетки – џемперите задолжително треба да бидат присутни во вашата есенска и зимска гардероба.rnrn
rnrnАко ги погледнете профилите на познатите блогерки на Инстаграм, ќе сфатите дека имате огромен избор на облека за да создадете совршен зимски стајлинг: кадифени крзнени палта, фармерки, класични панталони, кожени мини-здолништа, патики и чизми. Исто така, бројот на модни додатоци се зголемува во текот на зимата: капи, беретки, нараквици и шалови.rnrnКрајот на декември е исполнет со забави, но не можете да носите свечена гардероба цел месец. Сега е вистинското време да изберете топли парчиња облека и да набавите нови ракавици од кашмир.rnrnВо продолжение погледнете ги предлозите што ќе ви дадат инспирација како да ја комбинирате вашата облека.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnЗа повеќе фотографии продолжете на следната страница…rnrn
Моден календар: Комбинации за секој ден од декември
