Бубо Каров - Сковин Балкан стенд ап 4 ќе биде врвно шоу!

Бубо Каров – Сковин Балкан стенд ап 4 ќе биде врвно шоу!

Домаќинот на Сковин Балкан Стенд Ап 4, Жарко Димитриоски, Бубо Каров и Марјан Ѓорѓиевски беа присутни на пресот со кој се означи почетокот на продажбата на карти за еден од најочекуваните настани оваа година, четвртиот по ред Балкан Стенд Ап фестивал, кој и оваа година е подржан од Министерството за Култура.

Бубо Каров - Сковин Балкан стенд ап 4 ќе биде врвно шоу!

Одлично расположени, тројцата ги изнесоа најважните детали за празникот на хуморот кој оваа година ќе се одржи во петок, 20 декември во Експо Центар (поранешен клуб Колосеум).

„Со Бубо се знаеме одамна. Цел живот сум сосед со него, со синовите сум маалски другар, заедно со илјадници други пораснав со неговите скечеви. Тој, Бранко и Васко се вистински македонски народни херои. Токму затоа ми претставува огромна привилегија што неговиот прв настап во живо на овој начин, не сметајќи го концертот на К15 пред 20 години, ќе се случи токму на Сковин Балкан Стенд Ап 4“ – изјави Жаре.

Бубо кажа дека за овој настан доаѓа добро подготвен по турнејата што со К15 ја имаше во Австралија и дека како дебитант очекува поддршка од поискусните на сцената како Марјан.

„Без двоумење ја прифатив поканата. Се што кажа Жаре е така. Освен Марјан и овој другиот народен херој (Игор Џамбазов), не се знам со другите. Но, знам што прават и сигурен сум дека ова ќе биде врвно шоу!“

Марјан за прв пат откри дека заедно со Бубо требале да прават тв емисија која за жал не се реализирала. Истата требало да биде врзана околу тројца цимери кои заедно студираат во Скопје и делат ист стан.

„Има време, ќе го направиме и тоа“ – рече Марјан, на што Бубо во шега му одговори „Збори си ти за вас помладите.“

Марјан како еден од редовните изведувачи на фестивалот и човек со големо искуство и на Балканот потврди дека тројцата странски гости се едни од најквалитетните во моментов на овие простори.

„Неша Бриџис е извонреден! Бил тука и претходно и сите знаат за каков одличен комичар се работи. Срѓан Динчиќ е крал на афоризмите и кратките шеги. А Александар Перишиќ го има еден од најинтересните типови хумор со кој јас било кога сум се сретнал. Кога е на сцената просто не знаеш дали се шегува или се што зборува е вистина“ – додаде тој.

Картите веќе се продаваат преку продажната мрежа на Купи Карти за Се. Секоја година истите се распродадени и до десетина дена пред настанот, така што најмудро би било да ги обезбедите што поскоро. До 16.12. се продаваат по цена од 400 денари, а од 16.12. ќе чинат 500 ден.

Бидете дел од неповторливото шоу на 20 декември во Експо Центар и гледајте ги извонредните Бубо Каров, Игор Џамбазов, Марјан Ѓорѓиевски, Неша Бриџис, Срѓан Динчиќ и Александар Перишиќ.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар