Во нашата држава, алиштата ги переме во рамките на нашиот дом, но во други земји луѓето го собираат купот валкани алишта и го носат во пералници, каде што мораат со часови да чекаат и да зјапаат во барабанот кој се врти во круг, додека машината не заврши. Ваквата обврска дефинитивно не спаѓа во интересниот дел од секојдневието. Но, сопствениците на една пералница во Гент, Белгија решиле оваа досадна рутина да ја претворат во забавна социјална активност.rnrn
rnrnВеројатно никој од околните жители не би можел да претпостави дека ќе се радува за одењето во пералница, но сега кога знаат дека во неа можат воедно да пијат пијачки со пријателите, да вечераат, понекогаш да слушаат музика во живо, па дури и да си направат нова фризура, тогаш валканата облека и тоа како може да стане само добар изговор за одличен помин.rnrn
rnrnОваа пералница дизајнирана од страна на белгиското архитектонско студио Pinkeye, нуди кафуле со многу пријатен ентериер и фризерски салон кој ќе се погрижи за вашата коса, па поради интересниот социјален концепт, во неа наминуваат дури и оние кои имаат сопствена машина за перење и немаат потреба од услуга за перење. Денешниот социјален клуб Wasbar во кој одите за да си ја исперете облеката, порано бил книжарница. Сега е совршено добро стокмен, така што боите одмораат, а декорациите забавуваат. Технолошкиот аспект исто така не треба да се занемари – струјата која постојано треба да функционира беспрекорно за да работат машините и барот, како и умешното прикривање на цевките и жиците од видик, кои се вметнати во таванот.rnrn
rnrnОвој бар, покрај во Гвент, го има и во белгискиот град Антверпен. Целата идеја звучи навистина интересно, а вам ви оставаме да си замислите како изгледа да тргнете во кафуле за да се дружите, носејќи со себе кеса со валкани алишта или да пиете кафе на јавно место со виклери на глава!? :)rnrn
rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.