Изгледа дека во последно време е многу лесно да се изгубите себеси, да заборавите што сакате и да изгубите верба во вашите верувања. Доколку направите едноминутна пауза и ги разгледате вашите фотографии на Фејсбук или Инстаграм, што ќе забележите? Дали тие точно ја покажуваат вашата личност? Често, нашата насмевка е совршениот баланс помеѓу премногу и премалку, ја навалуваме главата онолку колку што е потребно да ја покажеме нашата најдобра страна, но и покрај сè, сјајот во очите е оној кој ја покажува вистината.rnrn
rnrnТокму затоа обидете се да се ослободите од идејата да изгледате најдобро што можете и бидете едноставни и искрени, онакви какви што сте во секојдневниот живот. Кога последен пат сте направиле фотографија која навистина ве претставува вас? За да се откриете повторно себеси, обидете се со овој 7-дневен селфи предизвик. Доколку решите да започнете, не заборавајте да ги тагнете вашите фотографии со #7денаселфи.rn
Ден 1 – Голема глава со голема насмевка
rnПоставете ја камерата многу блиску до вас, навалете ја главата нанапред и насмејте се најмногу што можете. Смејте се сè додека вашите очи не исчезнат. Смејте се толку силно што луѓето ќе можат да го видат вашиот мозок низ носот. Токму тогаш сте најсреќни и сега кога се потсетивте какво е чувството правете го ова почесто.rn
Ден 2 – Класична фотографија на мозолче
rnОвој пат не се обидувајте да избегнете да направите фотографија само затоа што имате огромно мозолче на вашето лице кое сите би можеле да го забележат. Прифатете го. Станете едно со него. Немојте во никој случај да употребите апликација која го намалува црвенилото. Вие сте прекрасни онакви какви што навистина сте, природни!rn
Ден 3 – Вистинската облека на денот
rnДенес кога ќе размислувате што да облечете, не мислете на тоа што е во тренд, или пак што изгледа добро на вас. Размислувајте што чувствувате дека ви се носи. Не се грижете дали боите нема да одговараат, дали последен пат сте го носеле тоа кога сте имале 9 години или пак, дека вашето 2-годишно дете го избрало за вас. Едноставно облечете го она што го покажува вашето денешно расположение и чувствувајте се гордо. Токму таа среќа треба да се забележи на фотографијата.rn
Ден 4 – Лошата страна
rnСите веруваат дека имаат добра страна на која изгледаат подобро, па доколку и вие верувате во истото, денес свртете се од другата страна. Обидете се да направите неколку фотки од вашата „лоша“ страна и брзо ќе сфатите дека таа всушност е иста како и „добрата“. Вие немате лоша страна!rn
Ден 5 – Искрениот папараци
rnЗамолете пријател, член на семејството, вашиот партнер или пак тотален странец да направи искрени фотографии од вас додека си ги завршувате секојдневните обврски. Исто така дозволете им на нив да ја одберат онаа фотографија која тие сметаат дека е најдобра. Можеби вие никогаш не би ја избрале токму неа, но никој не ве гледа на истиот начин како што се гледате вие самите, па токму затоа треба да ја промените малку својата перспектива и да ги погледнете нештата од друг агол.rn
Ден 6 – Спротивно од гламурозна поза
rnПоставете ги рацете на колковите, колената нека ви бидат малку свиткани и поставете го ликот под агол од 45 степени… А сега заборавете на сето ова и обидете се да ја направите најмалку гламурозната поза. Не размислувајте, едноставно направете ја. Истресете ги вашите раце и нозе, пуштете ја косата и бидете малку будалести. Односно, колку побудалести, толку подобро. Опуштете се!rn
Ден 7 – Фотографија од лична карта
rnБез шминка, без фризура, без филтер. Само вие. Погледнете директно кон камерата и насмејте се. Смејте се како да сте добиле унапредување и зголемување на платата. Смејте се како од другата страна да ве чекаат топли колачиња. Смејте се како во вашиот живот да не постои ниту една грижа и како денес да е најдобриот ден од вашиот живот. Пронајдете го најдлабокиот дел од себе и извлечете го на површина. Ова сте вистинските вие, во полн сјај. Запомнете го овој дел до вас и не дозволувајте веќе никогаш повторно да се скрие!rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn
