Редок природен феномен: Големиот кањон исполнет со бела густа магла

Редок природен феномен: Големиот кањон исполнет со бела густа магла

Последниот викенд од ноември, 2013, луѓето имаа можност да набљудуваат еден од ретките природни феномени во Големиот Кањон кој се случува еднаш на секои 10 години. Целиот кањон бил преплавен со магла, а она што е навистина интересно е дека небото над него било чисто и без облаци.

Река од магла го преплави Големиот Кањон

Овој феномен е познат како „инверзија на температурата“ при што топлиот воздух се однесува како капак и го затвора студениот воздух близу до земјата, притоа заробувајќи ја маглата во внатрешноста на кањонот. Според Националниот сервис за време, температурата на атмосферата е најсклона кон инверзија за време на зимата, кога долгите ноќи му овозможуваат на воздухот кој се наоѓа поблиску до површината на земјата да стане невообичаено студен.

Река од магла го преплави Големиот Кањон

Чуварот на паркот, Ерин Виттејкер, која направила поголем дел од овие фотографии изјавила за „Daily Mail“ дека инверзии во температурата можат да се случат еднаш до два пати годишно, но тие најчесто исполнуваат само одредени области од кањонот. Да го видите целиот кањон исполнет е нешто што се случува еднаш во една декада. Погледнете ги и останатите фотографии…

Река од магла го преплави Големиот Кањон Река од магла го преплави Големиот Кањон Река од магла го преплави Големиот Кањон Река од магла го преплави Големиот Кањон Река од магла го преплави Големиот Кањон Река од магла го преплави Големиот Кањон Река од магла го преплави Големиот Кањон Река од магла го преплави Големиот Кањон Река од магла го преплави Големиот Кањон Река од магла го преплави Големиот Кањон


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар