„Lucid Stead“ (Луцидно место) е архитектонска инсталација креирана од артистот Филип К. Смит III, кој за овој неверојатен проект избрал стара колиба лоцирана во пустинските предели на Џошуа Три во Калифорнија, која ја оживеал со огледала, ЛЕД светла и наменски креирана технологија за да ја истакне убавина на неверојатниот пејзаж околу неа.rnrn
rnrn70 години старата колиба со искршени стакла е преобразена во воодушевувачка глетка од која ќе се запрашате дали она што го гледате е возможно да биде реално или пак можеби халуцинирате.rnrn
rnrnВо проектот се имплементирани 4 идеи: светлина и сенки, рефлектирана светлина, проектирана светлина и менување.rnrnПрвиот дел се однесува на промена на изгледот на колибата во зависност од позицијата на сонцето во текот на денот и начинот на кој тоа влегува во интеракција со огледалата кои се дел од структурата. Рефлектираната светлина се однесува на одразот на пустината во огледалата кои претставуваат дел од фасадата на колибата. Проектираната светлина пак, се случува ноќе и доаѓа однатре, кога светлата кои се во внатрешноста почнуваат да ја откриваат структурата на колибата, додека силно обоените прозорци и врати постепено и скоро незабележливо ја менуваат бојата.rnrn
rnrnПроектот има за цел да нè потсети дека понекогаш треба да го забавиме темпото. Ако појдете во пустината имате можност да го запазите тоа темпо на бавна промена, да запрете за момент и да бидете тивки за да можете вистински да видите и да слушнете.rnrnrnrnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.