Претходно
Македонски хип хоп зачинет со примеси на блуз, џез и алтернативен рок
Датум: 29 ное 2013
Коментари: 0
Групата „Скопски метеж“ се состои од двајца членови, gog0 и s.u.k.93, како што се претставуваат Горан Матески и Глигорије Глигоров, а постои околу 4 години. Тие неодамна го објавија својот прв видезапис за песната Духот на градот заедно со Тања Б.
Нивната музика е многу уникатна мешавина од хип хоп, блуз, џез и алтернативен рок. Тие досега имаат реализирано бројни настапи и еден албум, а веќе работат на нов и на снимање уште 3 видеоспотови.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.