Последните 30 дена од есента се резервирани за Стрелците. Ова се 10 карактеристики кои ве прават „Стрелец со тапија“ и кои се истовремено и добри и не толку добри, зависно од ситуацијата. Но, важно е да се прифатиме себеси и да ги совладуваме нашите недостатоци, нели?rnrn
rn
1. Директни сте и веднаш сте спремни да се спротивставите во конфликтна ситуација
rnЗошто па да си го губите времето. Некогаш, ако не сте баш внимателни како се изразувате или кога разговарате со почувствителни луѓе, ова може да се сфати како дрско и безобразно однесување. Сепак, директноста е и добра особина која понекогаш ви користи што ја имате.rn
2. Неуморни сте, постојано барате нова авантура
rnСтрелците понекогаш сакаат да бегаат од работите за да можат да јурат барајќи нови авантури. Но, оваа особина истовремено ве прави адаптибилни на промени.rn
3. Многу сакате да давате великодушни подароци, што понекогаш дури знаете да претерате
rnНо што да се прави кога пакувањето и завиткувањето подароци е толку забавно!?rn
4. Вечни оптимисти
rnНе дека и вие понекогаш не станувате цинични, но при тешки ситуации многу побрзо се враќате во нормала од другите луѓе.rn
5. Домаќинските работи не ви се силна страна
rnМожеби сепак сте успееле да го совладате избегнувањето на домаќинските и особено кујнските работи. Ако е така, браво за вас – успешно сте ѝ се спротивставиле на природата.rn
6. Не сте баш најфлексибилни
rnКога работите во групи или пак под надзор на претпоставен кој не го почитувате знаете лесно да се исфрустрирате и да се налутите. Сакате постојано вие да ја имате контролата. Но, за жал, ова не е секојпат возможно.rn
7. Вие сте интроспективна личност која сака да работи на своето себеподобрување
rnОва е одлична карактеристика, но поради тоа често може да им делувате отсутно на другите луѓе.rn
8. Многу високо ги вреднувате младоста и слободата
rnОва може да ви направи проблем да се смирите и средите, но Стрелците истовремено се и одлични во исполнување на задачите кои ќе намислат да ги завршат.rn
9. Со вас не е многу забавно да се играат друштвени игри и групни спортови
rnНе дека вие сакате да победувате, вие МОРА да победувате.rn
10. Вие сте мудри луѓе на кои другите им веруваат и имате моќ да ги сфаќате другите луѓе
rnИсто така и си имате потреба често да кажувате: Нели ти реков? Ти реков ли?rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.