КАФЕ ПАУЗА

4 навики кои ќе ви помогнат да го одржувате вашето здравје во студените зимски денови

Со ниските температури и снеговите можеме слободно да кажеме дека зимата неофицијално започна. Доколку сакате да останете здрави и во најстудените зимски денови, погледнете ги наредниве неколку навики кои ќе ви помогнат да се одбраните од голем број настинки и болести.rn

1. Пијте многу вода

rnДоколку не пиете доволно вода, не само што ќе почнете да страдате од намалена енергија туку исто така и ќе го спречите вашето тело да се прочистува од најразлични бактерии, вируси и токсини кои се вдомуваат во него. Но, колку течност му е потребна на организмот за да може редовно да се прочистува од овие несакани „посетители“? Секако, тоа зависи од вашата тежина, но во просек би требало да пиете од 2 до 3 литри вода секојдневно.rnrn4 навики кои ќе ви помогнат да го одржувате вашето здравје во студените зимски деновиrnrnВашиот примарен извор на течности би требало да биде водата. Доколку редовно пиете кафе или чај, имајте на ум дека овие пијалаци имаат обратен ефект – тие ве дехидрираат и токму поради тоа би требало да надоместите со поголемо количество вода.rn

2. Ограничете го количеството на шеќер кое го внесувате во телото

rnЕден од најважните чекори кои можете да ги преземете при останувањето здрави е да го ограничите шеќерот кој го внесувате во вашето тело. Многу студии покажале дека преголемите количини на шеќер се многу лоши за вашето здравје бидејќи тој не само што ве прави поранливи на настинки и вируси туку го зголемува и ризикот од посериозни болести кои во некои случаи можат да бидат и смртоносни.rnrn4 навики кои ќе ви помогнат да го одржувате вашето здравје во студените зимски деновиrnrnПостојат неколку начини на кои можете да го намалите количеството на шеќер кое го внесувате во себе, а некои од нив се со намалување на газираните пијалаци и десертите. Исто така не заборавајте дека ова правило важи и за вештачките шеќери, па доколку преминете на „light“ пијалаци единственото нешто што ќе успеете да намалите е само бројот на калории.rn

3. Активирајте се

rnОбидете се да си создадете навика да станувате од вашата работна маса на секој час и да се протегнете или пак, навечер кога ќе дојдете дома не се „вгнездувајте“ на каучот туку почнете да правите нешто што ќе го забрза вашето срце и ќе ги активира вашите мускули. Средете го шкафот, поминете со правосмукалка, избришете прашина или доколку е убаво времето направете еден круг околу вашата зграда или куќа.rnrn4 навики кои ќе ви помогнат да го одржувате вашето здравје во студените зимски деновиrnrnДоколку сте редовно активни вие ќе бидете поздрави и однадвор и однатре. Со други зборови, колку повеќе сте во форма толку посилен ќе биде вашиот имунитет. Токму затоа многу е важно да најдете време и за вежбање. Не мора тоа да го правите секојдневно, за почеток дури и еден ден во неделата може да направи огромна разлика за вашето здравје.rn

4. Одвојте време за ослободување од стресот

rnДоколку не го елиминирате редовно стресот од вашето тело и му дозволувате постојано да се насобира, вие не само што ќе станете многу нетрпеливи и лошо расположени, туку ќе имате и потешкотии во борбата со настинките и болестите. Во најлош случај, екстремниот стрес кој подолго време се собирал во вас може да резултира и со срцеви проблеми, па дури и смрт.rnrn(4) 4-naviki-koi-kje-vi-pomognat-da-go-odrzhuvate-vasheto-zdravje-vo-studenite-zimski-denovi-www.kafepauza.mkrnrnПогледнете кои активности можат да ви помогнат во борбата против стресот:rn

    rn011

  • Читајте одлична книга во која ќе можете да се изгубите
  • rn011

  • Уживајте во пенлива бања со ледено вино и смирувачка музика
  • rn011

  • Одете на прошетка рака под рака со личноста која ја сакате
  • rn011

  • Приклучете им се на вашите деца во играњето криенка
  • rn011

  • Медитирајте или едноставно седете во тишина и дозволете си на себе да дишете
  • rn011

  • Јавете се кај вашиот најдобар пријател и дозволете му/ѝ како и секогаш да ви помогне да се чувствувате подобро
  • rn

rnСекако оваа листа е бесконечна, но и различна за различни луѓе. Обидете се да најдете нешто коешто вам најмногу ќе ви одговара и почнете тоа редовно да го правите за да можете да му олесните на вашето тело да се бори против болестите.