Кои бои ќе ја обојат оваа зима?

Сподели

Боите за оваа зима изгледаат одлично на секој тен и истите можат да бидат дел од вашата облека или шминка. Погледнете кои нијанси ќе направат да изгледате стилски, софистицирано и зимски оваа сезона.

Реклама

Темноцрвена

Можеби ниту една друга боја не потсетува на зима како темноцрвената. Облека или шминка во оваа боја е вистински хит за претстојната зимска сезона. Одберете некое парче облека во темноцрвено и искомбинирајте го со нешто бело или црно. Ќе изгледате навистина фенси. Темноцрвените чевли се уште еден тренд за кој може да се одлучите.

Смарагдна

rnОваа боја најмногу доаѓа до израз кога носите смарагден фустан, блуза или марама. Одговара на секој тен и лесно може да се комбинира со други бои. Смарагдна чанта е исто така одличен избор.

Бела

rnБелата боја покрај тоа што асоцира на зима, делува софистицирано и секси истовремено. Можете да одберете панталони, шал, рачен часовник или чанта во оваа боја. Ќе имате одличен моден додаток и истовремено ќе изгледате сосема зимски.

Златна

rnЗлатните обетки, марама или штикли ќе бидат одличен детаљ за која било зимска модна комбинација и ќе направат да се чувствувате гламурозно во студените денови.

Сребрена

rnУште една одлична боја за оваа зима. Можете да се одлучите за сребрена марама, блуза или сенка за очи. Исто како со златната, внимавајте да не претерате. Нека оваа боја биде присутна само во форма на моден детаљ, што ќе ви даде нежен, а сепак егзотичен изглед.

Жолто-кафена

rnОваа зима набавете си жолто-кафени спортски панталони, џемпер, чевли, чанта, па дури и шапка. Комбинирајте ги со црна боја, што ќе ви даде класичен изглед, одличен за денско излегување.

Темновиолетова

rnБоја која изгледа магично и која дава посебен изглед на секоја комбинација. Темновиолетовите палта, марами, кошули, џемпери се вистински хит оваа сезона, заедно со темновиолетовиот кармин и сенка за очи. Суптилна, а сепак моќна нијанса, неизбежна за претстојната зима.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Популарно

Може ќе ве интересира