Американскиот рапер Фло Рида пристигнува во „Градот на гревовите“ во неговиот луксузен видеозапис за песната „How I Feel“. Режирано од страна на Шејн Дрејк, ова блескаво видео е снимено во ресортот „Planet Hollywood Casino“ во Лас Вегас, во кое Фло Рида се фали за сето она што го поседува, во придружба на машка екипа и секси девојки.rnrn
rnrnЗаразниот ритам, кој е проследен со дел од песната на Нина Симон „Feeling Good“, е соодветно визуелизиран на гламурозната локација, каде што познатиот рапер изгледа мошне елегантно во својот син костим и очилата за сонце, кои му се заштитен знак.rnrnrnrnШтета што Кристина Агилера не го придружува и овојпат. Дуото изгледаше одлично заедно, на настапот со оваа песна на музичкиот натпревар „The Voice“. Којзнае, можеби Фло Рида ќе сними уште еден спот со неа.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.