Одбележан Светскиот ден на дијабетес

Сподели

Вчера беше одбележан Светскиот ден на дијабетес со едукативно – натпреварувачки настан т.н Дијаменијада, во спортскиот центар „Борис Трајковски“, во организација на здруженијата „БалансМК“- асоцијација за детски дијабет на Македонија и „Алегрија“- здружение на лица со дијабет.

Реклама

Настанот беше организиран во рамките на кампањата за недискриминација на децата со дијабетес и превенција на оваа состојба од епидемолошки размери. На овој настан, учениците од 10те школи кои беа опфатени со едукативниот караван и кампањата за подигање свесност за дијабетесот, се натпреваруваа во знаење за здрава храна и спортски дисциплини. Недискриминација на лицата со дијабетес, превенција на состојбата со здрав начин на исхрана и физичка активност, беа главните пораки на проектот.

Оваа кампања, прва од ваков вид во Македонија е поддржана од Фондот за здравство на Р.Македонија, а финансиски е помогната од компанијата „Ново Нордиск“.


rn


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Популарно

Може ќе ве интересира