Често се случува некој да се заљуби во пријателот со кој поминува голем дел од своето време. Но, тука секогаш се поставува и прашањето: „Дали и тој/таа го чувствува истото?“ За да го дознаете одговорот, едно од решенијата е искрено да му кажете што чувствувате, но сепак треба да сте внимателни како тоа ќе го изведете. Ова се неколку совети кои е пожелно да ги знаете.rnrn
rnrn1. Никогаш не смеете да брзате. Секогаш прво треба добро да размислите за своите чувства и да сфатите дали сте навистина заљубени или станува збор за минлива фаза. Во случај да не сте заљубени, може да се случи врската да пропадне брзо, па да останете и без партнер и без пријател.rnrn2. Кога ќе му/ѝ признаете дека сте заљубени во него/неа, не е лошо и да појасните дека и понатаму сакате да останете пријатели, без разлика дали и тој/таа го чувствува истото или не.rnrn3. Кога разговарате со него/неа, убаво слушајте што зборува, бидејќи можеби ви дава знаци кои вие не ги забележувате. Низ разговорот можете да дознаете дали тој/таа чувствува нешто за вас.rnrn4. Можеби и тој/таа е заљубен/а во вас, а не сте го забележале тоа досега. Обрнете внимание на сигналите кои ви ги испраќа. Доколку често ве допира, гушка, ви дава комплименти и низ шала ви кажува дека би биле многу супер пар, тогаш со сигурност има нешто.rnrn5. Доколку имате можност разговарајте со некои негови/нејзини пријатели, бидејќи тие со сигурност знаат нешто.rnrn6. Пробајте да флертувате со него/неа и следете ја реакцијата. Ако го прифати флертувањето, време е да преземете нешто, но доколку се повлече, тогаш не е добро време да ги искажете вашите чувства.rnrn7. Кога ќе одлучите да му/ѝ кажете дека сте заљубени во него/неа, бидете искрени и верувајте во своите инстинкти. Кажете го тоа на наједноставен начин, без многу заобиколувања.
Како да му кажете на пријател дека сте заљубени во него?
