Со овој рецепт ќе направите 20 вкусни чоколатца
rn
rn
Потребни состојки за тестото на бисквитот:
rn
- rn011
- 150 г путер, омекнат
- 125 г шеќер
- 280 г брашно
rn011
rn011
rn
rn
Потребни состојки за слојот од карамела:
rn
- rn011
- 20 меки карамели
- 2 лажици слатка павлака
rn011
rn
rn
Потребни состојки за чоколадниот прелив:
rn
- rn011
- 300 г чоколадо за готвење
rn
rn
Подготовка на тестото на бисквитот:
rnЗагрејте ја рерната на 180 степени Целзиусови. Едно мало тавче за печење постелете го со алуминиумска фолија и намрсете ја одозгора.rnrnВо голем сад, со миксер измешајте ги путерот и шеќерот додека не добиете креместа смеса. Потоа додадете го брашното и миксајте на најслаба брзина додека не добиете хомогена смеса. Смесата истурете ја во тавчето за печење и израмнете ја рамномерно. Печете 15-тина минути, а потоа оставете го тестото целосно да се олади.rn
Подготовка на карамелата:
rnВо еден стаклен сад ставете ги карамелите и двете лажици слатка павлака. Ставете го садот околу 30 секунди во микробранова печка за да се стопат карамелите, потоа извадете ги и измешајте ги. Повторете ја оваа постапка 4-5 пати. Откако ќе добиете убава хомогена смеса исипете ја врз бисквитот и ставете го тавчето во фрижидер, убаво да се излади околу час и половина.rn
Подготовка на чоколадниот прелив:
rnВо стаклен сад ставете го чоколадото и пуштете го на 30 секунди во микробранова печка за да се стопи. Потоа измешајте го и вратете го назад. Постапката повторете ја 4 пати.rn
Подготовка на чоколатцата:
rnЗемете еден плех за печење и постелете го со алуминиумска фолија. Бисквитот исечете го на тенки еднакви парчиња со дебелина на прст. Потоа со помош на виљушка, прободете ги штанглите и потопете ги во растопеното чоколадо. Чоколатцата редете ги на плехот и откако ќе ја завршите постапката со сите, оставете ги во фрижидер 10 минути за да се стврдне чоколадото.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
