Социјалната мрежа Инстаграм продолжува да го отвора патот кон популарноста на иновативните артисти, како што е графичкиот дизајнер Хавиер Перез, кој редовно додава фотографии во неговата разиграна фотосерија наречена „Instagram Experiments“ (Инстаграм експерименти). Служејќи се со разни секојдневни предмети, во комбинација со едноставни цртежи, еквадорскиот артист, конструира необични сцени во разни облици и големини.rnrn
rnrnОд креативен дожд од шпагети до Ајфелова кула изградена од виљушки, Перез пронаоѓа начин да внесе живот во разни статични предмети. Неговата имагинација води кон создавање многу креативни суштества, кои настануваат од неколку линии со пенкало и разни предмети од домаќинството, храна и цвеќиња, формирајќи жива и експресивна уметност. Со оваа весела колекција, која со сигурност ќе нацрта насмевка на вашето лице, артистот нè потсетува дека во секој од нас сè уште се крие внатрешното дете, кое сака да си игра и да се забавува.rnrn

Кога секојдневните предмети ќе оживеат…
