Импресивни цитати на големиот Толстој

Импресивни цитати на големиот Толстој

Лав Николаевич Толстој е еден од најпознатите руски писатели. Неговото импозантно творештво изобилува со богата психолошка анализа на ликовите, притоа ставајќи акцент на моралните како и на семејните вредности.

Еден од најголемите умови во историјата на човештвото, брилијантен уметник чии мисли живеат и важат и ден-денес. Ова се дел од најимпресивните цитати на Толстој како и неговите гледишта за животот, уметноста, моралните вредности и вистинските квалитети на човекот.

Импресивни цитати на големиот Толстој

„Сите размислуваат за промена на светот, но никој не мисли да се промени самиот.“

„Музиката е стенографија на емоциите.“

„Двата најмоќни воини се трпението и времето.“

„Сè, сè што разбирам, разбирам бидејќи љубам.“

„Сите среќни семејства наликуваат едно на друго, секое несреќно семејство е несреќно на свој начин.“

„Му се бесам на човека на врат, давејќи го и терајќи го да ме носи, а сепак се убедувам себеси и останатите дека ми е жал за него и дека посакувам да му олеснам на секој можен начин – освен да му се симнам од вратот.“

„Единствената смисла на животот е да му се служи на човештвото.“

„Неверојатно е колкава е заблудата за тоа дека убавината е добрина.“

Импресивни цитати на големиот Толстој

„Не постои значајност таму каде што нема едноставност, добрина и вистина.“

„Здодевност: желба за желби.“

„Во име Господово, запрете за миг, прекинете со работа и погледнете околу себе.“

„Еден од најголемите услови за среќа е дека врската меѓу човекот и природата не смее да биде прекината.“

„Уметноста не е ракотворба туку пренос на чувства кои уметникот ги доживеал.“

„Вистината, исто како и златото, се добива не со зголемување на количината, туку со отстранување на сè она што не е злато.“

„Вистинскиот живот се живее кога се случуваат мали промени.“

„Вербата е смислата на животот, смисла заради која човекот не се уништува себеси туку продолжува да живее. Тоа е силата по која живееме.“

Импресивни цитати на големиот Толстој

„Луѓето живеат не заради грижата за себе туку за љубовта што другите ја чувствуваат за нив.“

„Историчарите се како глуви луѓе кои продолжуваат да даваат одговори на прашања кои никој не им ги поставил.“

„Да се каже дека некое уметничко дело е добро, но неразбирливо за повеќемина, е исто како да се каже дека одредена храна е многу добра, но повеќето луѓе не можат да ја јадат.“

„Изгубивме бидејќи си рековме себеси дека сме изгубиле.“


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар