КАФЕ ПАУЗА

Фонтани кои го одземаат здивот

Фонтани кои го одземаат здивот

Спектакуларни млазеви вода, пријатна музика и безброј светла – сето тоа од една фонтана прави врвно архитектонско дело кое го одзема здивот. Погледнете некои од најубавите од нив.rn

Магичната фонтана во Монжуик, Барселона

rnФонтаната во три концентрични кругови во квартот Монжуик во Барселона е една од причините поради која туристите сакат да го посетат овој град. Тие уживаат гледајќи ја водата како танцува во ритамот на музиката, а светлата само го надополнуваат магичниот впечаток.rnrnФонтани кои го одземаат здивотrn

Фонтаната пред Големата дива гуска, Ксијан

rnМлазови вода скокаат во воздухот во ритамот на музиката пред пагодата Голема дива гуска во кинескиот град Ксијан. Луѓето слободно се шетаат во бајковитата околина помеѓу млазовите распоредени на речиси 17 хектари.rnrnФонтани кои го одземаат здивотrn

Фонтаната Дубаи, Дубаи

rnФонтаната во Дубаи е уште еден обид на нафтените богаташи да го импресионираат светот. Ова е најголемата, највисоката и најскапата фонтана на планетата, сместена на сред вештачкото езеро пред зградата Бурџ Калифа.rnrnФонтани кои го одземаат здивотrn

Фонтана Ди Треви, Рим

rnФонтана Ди Треви е според многумина најромантичното место во романтичниот Рим. Верувањето вели дека една фрлена паричка во нејзините води значи дека повторно ќе се вратите во преубавиот град.rnrnФонтани кои го одземаат здивотrn

Крунска фонтана, Чикаго

rnВо Милениумскиот парк во Чикаго е сместена спектакуларната Крунска фонтана, дело на каталонскиот уметник Жауме Пленса. Тоа е впечатлив стаклен блок кој го менува изгледот благодарение на бројните диоди и буквално плука вода на радост на децата кои уживаат во неа.rnrnФонтани кои го одземаат здивотrn

Фонтана на богатството, Сингапур

rnФонтаната на богатството, сместена во срцето на бизнис центарот во Сингапур, е симбол на сето она што денес претставува градот – богатство, грандиозност и хармонија.rnrnФонтани кои го одземаат здивотrn

Фонтаната на месечевото виножито, Сеул

rnВкупно 10.000 ЛЕД светилки ги осветлуваат скоковите на млазевите вода од двете страни на мостот Банпо во Сеул. Штом падне ноќта, 1140 метри долгата фонтана започнува да си игра со вода, музика и светло, давајќи му романтичен шмек на градот во кој инаку доминира високата технологија.rnrnФонтани кои го одземаат здивотrn

Овалната фонтана, Тиволи

rnОд сите 500 фонтани во преубавиот Тиволи, најголем впечаток остава фонтаната дел‘Овато. Украсена со винова лоза и „населена“ со мермерни нимфи, таа е прекрасен споменик на италијанската архитектура.rnrnФонтани кои го одземаат здивотrn

Белаџо, Лас Вегас

rnСопствениците на казиното Белаџо во Лас Вегас ја изградиле оваа фонтана за да привлечат гости во својот објект, но покрај тоа добиле едно од најпознатите обележја на градот.rnrnФонтани кои го одземаат здивотrn

Фонтаната на кралот Фад, Џеда

rnОваа величествена фонтана е изградена како донација од арапскиот крал Фад. Се наоѓа на брегот на Црвеното Море, а кога времето е мирно исфрла вода во височина поголема од онаа на Ајфеловата кула.rnrnФонтани кои го одземаат здивот