КАФЕ ПАУЗА

10-те најскапи чоколади во светот

10-те најскапи чоколади во светот

Постојат чоколади во светот кои чинат дури стотици долари и претставуваат вистински луксуз и несекојдневие. Како што вели Форест Гамп „Животот е како кутија чоколади. Никогаш не знаеш што да очекуваш“. Колку и убаво да звучи ваквата метафора, таа не важи за овие најскапи чоколади. Тие што ќе ги купат, дефинитивно ќе знаат што ќе добијат. Еве кои се најскапите, од Париз па сè до Брисел, изберете си ги омилените и уживајте!rnrn10-те најскапи чоколади во светотrn

1. „Восгес У Шоколат“ – 60 евра

rnСо седиште во Чикаго, Восгес е компанија за чоколадо, која ги произведува едни од најуникатните чоколади што може да се пробаат. При изработката на чоколадото тие користат шунка, чили, цимет, ѓумбир и црн сусам.rnrn10-те најскапи чоколади во светотrn

2. „Чуао“ – 79 долари од парче

rnЧуао е регион во Венецуела и овој бренд, со седиште во Калифорнија, користи европски техники за правење на венецуелско чоколадо. Чоколадите се направени рачно, не содржат адитиви, и се прават со мешање на венецуелско какао со зачини и други уникатни состојки.rnrn10-те најскапи чоколади во светотrn

3. Гранд Кру од „Пјер Марколини“ – 100 евра

rnОваа компанија е од Белгија, но користи какао од Еквадор, Индонезија, Мадагаскар, Мексико и Венецуела. Пјер Марколини има широк спектар на производи, кој од кој полуксузен, направени за задоволување на високите стандарди на посебните потрошувачи, меѓу кои и Опра Винфри.rnrn10-те најскапи чоколади во светотrn

4. Колекција „Џи“ од „Годива“ – 120 долари од парче

rnОвој белгиски бренд е синоним за луксузно чоколадо. Имаат посебна колекција на чоколадни бонбони, која се состои од 15 чоколатца, специјално артистички дизајнирани.rnrn10-те најскапи чоколади во светотrn

5. Бонбониера Енвол од „Ричарт“ – 120 долари од парче

rnОваа компанија датира од 1925-та година и се наоѓа во Лион, Франција. Нудат чоколади со вкус на цитрон, билки и овошни ноти. Чоколадните зрна ги набавуваат од Хаити, Мадагаскар и Венецуела. Бонбониерата Енвол содржи 49 коцки чоколадо, рачно декорирани со деликатен дизајн.rnrn10-те најскапи чоколади во светотrn

6. Колекцијата на Афисионадо од „Куќата на Грауер“ – 200 евра

rnКомпанија од Швајцарија, која нуди 14 различни вкусови чоколадо, кои најдобро одат со пура или цигара. Како и да е, никаде не пишува дека непушачите не смеат да уживаат во овој деликатес.rnrn10-те најскапи чоколади во светотrn

7. Црни тартуфи со Сваровски од „Амедеи Тоскана“ – 294 евра

rnЧоколадни тартуфи, шампањ и злато: кога ова се главните употребени состојки во една бонбониера, знаете дека ќе ве чини многу, но и дека навистина ќе вреди. Оваа компанија е основана во Тоскана, Италија. Чоколадните бонбони на сликата се исполнети со фил од шампањ и се поросени со јадливи златни снегулки. И ова не е сè, кутијата во која се спакувани е рачно изработена и декорирана со 450 Сваровски кристали.rnrn10-те најскапи чоколади во светотrn

8. Чоколатца со злато што се јаде од „DeLafee“ – 508 долари

rnНаправени од фини какао зрна и рачно декорирани со јадлив златен прав, овие чоколадни бонбони се вкусни, но рака на срце, вкусна е и цената.rnrn10-те најскапи чоколади во светотrn

9. Ле гранд Луи XVI од „Debauve & Gallais“ – 900 евра

rnКомпанијата датира од 1800-та и поседува кралска гаранција за изработка на чоколадо за кралските семејства. Ова било и местото од каде и францускиот император Наполеон се снабдувал со чоколадо. Оваа фабрика нуди темно чоколадни бонбони, со 99% какао, како вистински ексклузивитет.rnrn10-те најскапи чоколади во светотrn

10. Чоколадни тартуфи Чокополоџи од „Kinipshildt“ – 2.600 евра

rnОснована во Данска, во 1999-та, оваа компанија произведува чоколади со 70% темно чоколадо и ванила. Се додава масло од тартуфи и други состојки за производот да биде уште поуникатен. Чоколадото однапред се нарачува и кога веќе еднаш ќе го добиете, нема да претставува никаков проблем да го изедете најмногу во рок од една недела.rnrn10-те најскапи чоколади во светотrnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.