Невидлива сила манипулира со најневините од општеството – малите деца
rn
Главни улоги: Вило Ментимилиа, Бери Слоан, Лили РејбrnrnЖанр: драма, мистерија, научна фантастикаrnrnКреатор: Соо ХјуrnrnПремиера: 1 јуни 2015rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 42 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 9/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnПриказната започнува со серија несреќи во кои се вмешани мали деца. На почетокот никој нема да ги поврзе нивните случаи, но како што ќе поминува времето така ќе се открие и дека овие деца имаат исто имагинарно пријателче, наречено Дрил. Агентката Клер Бениган (Лили Рејб), која е специјалист за деца, ќе сфати дека Дрил всушност воопшто не е имагинарен, баш напротив, тој е реално суштество кое има способност да комуницира само со најмалите.rnrn
rnrnПоради непознати причини, Дрил не може да стапи во контакт со возрасните, па токму затоа и ги користи малите деца, кои преку игри ги извршуваат неговите наредби. Тој им ветува дека доколку победат во играта, односно доколку ја исполнат потребната цел, ќе го добијат она кое го посакуваат. Без разлика за што станува збор. И бидејќи тој си стои на зборот, децата неизмерно му веруваат и постојано си играат со него. Но, кој е всушност Дрил и најважно од сè, што тој сака од оваа планета и луѓето?rnrn
rnrnСтанува збор за мистериозна приказна која ќе ве држи во неизвесност до самиот крај. Иако на прв поглед така делува, приказната не вклучува духови или натприродни сили, туку нешто сосема друго. Доколку решите да ѝ дадете шанса, ви ветуваме дека нема да бидете разочарани, баш напротив, постепеното развивање на настаните и погледот кон интимниот живот на секој од главните ликови ќе ве натера да се внесете целосно во приказната. Вие без да забележите ќе почнете да носите претпоставки за она што се случува, исто како да сте покрај ликовите во центарот на настаните.
