КАФЕ ПАУЗА

Кети Пери со емотивен и ексцентричен спот за „Unconditionally“

Кети Пери со емотивен и ексцентричен спот за „Unconditionally“

Written by

in

Поп ѕвездата Кети Пери неодамна го објави видеото со стихови за втората песна од албумот „Prism“, насловена „Unconditionally“. Станува збор за емотивна балада, која ѝ е омилена на Кети од новиот албум и е инспирирана од нејзината моментална љубов, музичарот Џон Мајер, како и од нејзиното патување во Мадагаскар преку УНИЦЕФ, кое го променило нејзиниот живот.rnrnПогледнете го спотот и обидете се да не се заљубите.rn

rn
rn

Песната е едноставна порака за тоа како да се сака некој и да се прифати онаков каков што е и дека не треба да се плашиме, бидејќи на крајот на краиштата, сите имаме свој „багаж“. Секој има свои мани и никогаш никој нема да биде совршен, и доколку го прифатиме и сфатиме тоа, особено во љубовните врски, оставаме простор за развој на вистинска и искрена љубов.“ – вели Кети

rnКети Пери со емотивен и ексцентричен спот за „Unconditionally“Интересно е тоа што во видео записот, навидум гледаме разголени маж и жена, кои силно се љубат и меѓусебно си ги изразуваат длабоките емоции и болката којашто ја чувствуваат. Сепак, во спотот всушност нема маж, туку се две жени. Лево е Ерика Линдер, која во животот работи и како машка и како женска моделка и Џанел Ширтклиф – моделката од десната страна, која ја „пее“ песната. Станува очигледно дека во спотот се две жени дури на крајот од видеото, кога се наѕира градниот кош на Ерика Линдер.rn
rn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.