Колку и да ви звучи смешно, овие животни се полни со пари. Во продолжение следи листа со 13 животни кои добиле огромно наследство.rn
Желката Силверстоун – 40.000 американски долари
rnСилверстоун има 50 години, а наследството му го има оставено неговата сопственичка Христина Фојл, сопственичка на книжарницата „Foyles“.
rn
Минтер, Џус и Калум – 81.000 американски долари
rnМодниот дизајнер Александар Мекквин им ја остави оваа голема сума на своите три кучиња.
rn
Баблс – 2 милиони американски долари
rnМајкл Џексон му остави на Баблс 2 милиони американски долари во неговиот тестамент.
rn
Кончита, Лусија и Април Мари – 3 милиони американски долари, куќа вредна 8 милиони американски долари и дијамантски аксесоари за кучиња
rnГејл Поснер на своите три чивави во 2010 година им остави огромно богатство.
rn
Флоси – 3 милиони американски долари
rnФлоси ги спаси Дру Баримор и Том Грин кога се запали нивата куќа. За награда ја доби куќата вредна 3 милиони долари.
rn
Миленичињата на Бети Вајт – 5 милиони американски долари
rnБети Вајт во својот тестамент има оставено голем дел од колачот на нејзините миленици.
rn
Тамасо – 13 милиони американски долари
rnТамасо бил мачор-скитник, пред да го пронајде Мариа Асунта, која му оставила огромно наследство.
rn
Гигу – 20 милиони американски долари
rnМајлс Блеквел направи огромно богатство како издавач на книги, а голем дел ѝ ги остави на неговата кокошка.
rn
Блеки – 25 милиони американски долари
rnСопственикот на Блеки ѝ ги остави сите пари, а на неговото семејство не му даде ни цент.
rn
Кучињата на Опра – 30 милиони американски долари
rnОпра изјави дека има одвоено 30 милиони американски долари за нејзините кучиња да продолжат да живеат убав живот по нејзината смрт.
rn
Калу – 80 милиони американски долари
rnСопственичката на Калу, аристократката Партиција Онил, додека нејзиниот маж бил на пат, го сменила тестаментот оставајќи му сè на мајмунот. Набрзо потоа двојката се развела.
rn
Тоби Рајмс – 92 милиони американски долари
rnБогатството на Тоби датира уште од 1931 година, кога еден негов член од семејството добил 20 милиони американски долари во наследство од агентот за недвижнини Ела Вандел.
rn
Гунтер IV – 373 милиони американски долари
rnОва куче ги има наследено парите од неговиот татко, кој пак ги наследил од неговата сопственичка, германската грофица Карлота Либенстеин. Гунтер поседува и палата која е купена од Мадона, а вреди 3 милиони американски долари.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

