Би пиеле ли алкохол од вакви шишиња?

Сподели

Кога купуваме шише со алкохолен пијалак, го купуваме заради пијалакот што е внатре. Но, овие шишиња ќе ве натераат да ги купите без да ви е гајле каква течност има во нив.rn

Реклама

Кристален череп

rnВотката сместена во овој кристален череп се произведува во Канада низ многу софистициран процес кој дава пијалак со одличен квалитет. Се филтрира седум пати, а последните три пати низ дијаманти, на кои им се припишуваат некои лековити својства. Едно шише е достапно за нешто над 30 евра.

rn

Шаховската табла на Џек Дениелс

rnЗа 105 евра можете да си купите шаховска табла со која одат фигури полни со виски од брендот Џек Дениелс. Со неа би можеле да одиграте партија шах која не се заборава, освен ако не ги испиете шотовите виски премногу брзо.

rn

Вотка Калашников

rnНе само што шишето е многу несекојдневно, туку доаѓа во пакување во кутија наменета за вистинска пушка. Произведени се 13.000 вакви шишиња, а секое чини по 450 долари.

rn

Медеа

rnОна што го издвојува ова шише од другите е ЛЕД екранот на кој може да се испишуваат пораки. Чини 45 долари.

rn

Макалан

rnМакалан е виски кое е сместено во ова прекрасно шише. Има луксузен изглед, а се појави и во Скајфол, последниот филм од серијалот за Џејмс Бонд.

rn

Хукри

rnОвој „нож“ е дизајниран во Непал и е наполнет со рум. Чини 50 долари.

rn

Абсолут Диско

rnОва е шише кое може да ви понуди диско атмосфера без разлика каде ја пиете течноста што е во него. Може да го набавите за 20 долари.

rn

Самурај

rnШишето кое изгледа како да е пресечено на половина од меч на самурај е дизајнирано во Русија и е уште едно во низата прекрасни шишиња за вотка.

rn

Милагро

rnВо овој „шише во шише“ дизајн има два пијалака: најголемиот дел е полн со текила Милагро, а трите мали комори содржат созреано сино агаве. Изгледа примамливо, но воопшто не е евтино. Чини 170 долари.

rn

Смрзнат дух

rnШишето содржи холограф од дух кој сака да избега. Инспирирано е од легенда за човек кој го убил својот сосед на некој извор, по што неговиот дух го прогонувал. Наводно денес токму водата од тој извор се користи за производство на вотката.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Популарно

Може ќе ве интересира