Јајцата во домаќинството можат да ви послужат за многу работи, не само ја јадење и готвење. Ова се само неколку начини на кои можете поинаку да ги употребите за секојдневни работи.
rn
Жолчки за сува кожа
rnИзматете една жолчка и нанесете ја на лицето. Оставете ја да делува 20 минути, а потоа измијте го лицето со млака вода. Жолчките ја хидрираат кожата и ја прават мека.rn
Белка за масна кожа
rnВо белката додадете пола лажичка мед, убаво измешајте и нанесете ја маската на лице. Оставете ја да делува 10 минути, а потоа исплакнете со млака вода.rn
Белката како лепило
rnСо белката можете да залепите хартија, картон или ткаенина без никаков проблем.rn
Лушпите од јајцата за чистење
rnЛушпите од јајцата многу темелно можат да ги исчистат тврдокорните дамки од вашите садови. Ситно сомелете ги лушпите и во нив измешајте малку детергент за садови. Со оваа смеса тријте ги вашите садови.
rn
Водата од варените јајца е добра за цвеќињата
rnОткако ќе сварите јајца не фрлајте ја водата. Оставете ја да се олади, а потоа полијте ги цвеќињата во домот. Оваа вода е многу хранлива за растенијата.rn
Лушпите како додаток во исхраната на вашето куче
rnЛушпите од јајцето се полни со калциум и затоа не треба да ги фрлате, особено доколку имате куче. Сомелете ги многу ситно и додадете ги во храната на вашето куче.rn
Јајца против иритации на кожата
rnДве свежи јајца потопете ги во чаша со јаболков оцет. Оставете ги да отстојат два-три дена, а потоа користете ги како облога за воспалено или иритирано место на кожата. Одлично ќе ви послужат и на места каде што имате убод од инсект.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

