Работи кои не треба да ги делите со никого

Сподели

Не е проблемот во другата личност, тука станува збор за вашето здравје и за вашата хигиена. Експертите и дерматолозите тврдат дека со причина постојат работи кои не треба да ги делите со другите. Ова се еден дел од нив кои редовно се користат.

Реклама

rn

Сапун

rnИако многумина мислат дека сапуните кои се наменети за миење на бактериите се безбедни за користење, сепак не е баш така, Бидејќи по користењето, сапунот не се суши целосно, може на него да останат бактерии. Па, токму поради тоа експертите советуваат дека не треба да го делите со другите.rn

Капи, кациги, четки и чешли за коса

rnОвие работи никако не смеете да ги делите со други. Можете да фатите вошки, а истото може да се случи и доколку користите туѓа перница.rn

Грицкалка за нокти

rnРетко кој правилно ја дезинфицира грицкалката за нокти, па така на неа остануваат многу бактерии и габи. Доколку случајно со грицкалката за нокти ја поткачите и кожата, отворате место преку кое тие можат да се пренесат.rn

Шминка

rnМаскарата, карминот и други средства за разубавување, чувајте си ги за себе. Преку шминката може да се пренесе некоја инфекција. Иако шминката во себе содржи одредени конзерванси, чија цел е да ги уништува бактериите, подобро е да не ја делите со други.rn

Брич

rnЗа ова и не треба некое преголемо објаснување. Доволно е да се каже дека на жилетите може да има крв, а сите работи на кои може да има нечија крв, треба да се одбегнуваат.rn

Антиперспиранти

rnНезгодниот мирис на одредена врста пот доаѓа од бактериите кои ја разградуваат потта на кожата. Дезодорансите, имаат одредени антибактериски својства кои го спречуваат тој мирис. Од друга страна, антиперспирантите имаат својство да го намалат потењето. Па така ако со некого го делите вашиот стик, бактериите можат да се пренесат. Со дезодорансите нема никаква опасност, но со стиковите и ролоните има.

rn

Пијачки

rnДелењето на чаша или шише со пијалак или вода доведува до размена на плунка, а преку неа и голем број болести и бактерии. Овие бактерии можат да предизвикаат воспаление на грло, настинки, херпес, менингитис и други болести.rn

Четка за заби

rnЗа време на миењето на забите, кај некои луѓе доаѓа до крвавење на непцата, а покрај тоа во устата може да има и голем број бактерии, па затоа не се препорачува да се дели со друг.rn

Обетки

rnКога ќе ги пикнете обетките во дупчињата од ушите можете да ја оштетите кожата, а со тоа и да пренесете бактерии од претходниот корисник.rn

Слушалки

rnИстражувањата покажале дека честата употреба на слушалки го зголемува количеството на бактерии во ушите. Делењето на исти слушалки со некого, може да доведе и до воспаление на ушите. Затоа одбегнувајте да ги делите и редовно чистете ги.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Популарно

Може ќе ве интересира