Интернетот е преплавен со „корисни“ совети од самопрогласени експерти, но кога советите се понудени од страна на невронаучник, можеби вреди да одвоите неколку минути и да ги прочитате. Невронаучникот Алекс Корб дошол до многу интересни откритија во неговата книга „Нагорна спирала“ (The Upward Spiral) околу тоа како луѓето можат да станат посреќни. Сите негови заклучоци се засноваат на истражувања на мозокот, така што обрнете внимание на следниве совети…rnrn
rn
1. Именувајте ги вашите емоции
rnАко чувствувате некаква негативна емоција како што е тага или лутина, именувајте ја. Можеби ви звучи едноставно, но вашиот мозок реагира кога ги преточувате чувствата во зборови. Во едно истражување на учесниците им биле покажувани слики од луѓе кои изразуваат некаква емоција и било забележано дека нивната амигдала се активира во зависност од емоциите што ги гледале. Кога им било кажано името на емоцијата, вентролатералниот префронтален кортекс се активирал и ги намалил емоционалните реакции на амигдалата. Тоа значи дека кога учесниците ги препознале емоциите што ги гледале на свесно ниво, се намалило влијанието што го имале тие емоции на нивниот мозок. Кога ги именувате вашите емоции, станувате посвесни за нивното постоење и не се опседнувате со нив.rn
2. Запрашајте се за што сте благодарни
rnВо неговата книгата, Корб вели дека благодарноста го активира делот од мозокот што произведува допамин. Освен тоа, благодарноста кон другите луѓе ја зголемува активноста на допаминот, што ја прави меѓучовечката комуникација попријатна. Благодарноста исто така може да го зголеми лачењето на невротрансмитерот серотонин, а тоа е функцијата и на повеќето антидепресиви. Дури и да не знаете за што сте благодарни, тоа е сосема во ред. Не е важно дали ќе пронајдете благодарност, најважно е да ја побарате. Свесноста за благодарноста е форма на емоционална интелигенција. Истражувањата покажале дека како што се зголемува емоционалната интелигенција, така невроните во тие области стануваат поефикасни. Дури и да не можете да најдете нешто за коешто би биле благодарни, доволно е само да си го поставите прашање за да тргнете на вистинскиот пат кон среќата.rnrn
rn
3. Бидете одлучни
rnАнксиозноста се создава тогаш кога чувствувате дека имате некоја недовршена работа. Едноставната одлука во врска со нешто може да ја намали анксиозноста. Немојте да се двоумите и да размислувате околу сите сценарија и последици што би можеле да настанат од донесената одлука. Донесувањето одлуки подразбира создавање намери и поставување цели. Овие три дејствија го активираат префронталниот кортекс на позитивен начин и ја намалуваат загриженоста и анксиозноста. Донесувањето одлуки им помага на луѓето да преземат контрола врз работите, бидејќи кога чувствувате дека сѐ е надвор од контрола почнуваат да ве обземаат грижите и нервозите.rn
4. Прегрнувајте ги и допирајте ги вашите сакани и пријателите
rnСоцијалните интеракции го зголемуваат чувството на прифатеност што доведува до поголема среќа. Според книгата на невронаучникот Корб, ако сакате да го зголемите лачењето на окситоцин, најдобро е да го сторите тоа преку допирањето. Окситоцинот е хормон што делува како невротрансмитер за мозокот. Тој е познат и како „љубовен хормон“ бидејќи ја регулира социјалната интеракција и сексуалната репродукција, така што игра улога во поттикнувањето на чувствата како емпатија, дарежливост и оргазам. Кога луѓето се допираат, прегрнуваат или бакнуваат, нивоата на окситоцин значително се зголемуваат. Окситоцинот делува како антидот на депресивните чувства. Според Корб, ако се држите за раце со некого за време на болното искуство, тоа ќе ви даде утеха вам и на вашиот мозок и ќе ви помогне да ја намалите реакцијата на болката.rnrnОд сето ова може да се заклучи дека треба да знаете да ги препознаете вашите емоции за да го намалите нивниот интензитет, да бидете благодарни, бестрашно да донесувате одлуки и да се прегрнувате што е можно почесто со вашите најблиски!rnrnПрочитајте ги и следниве 8 навики на среќните луѓе за кои тие ретко зборуваат.