КАФЕ ПАУЗА

3 чекори до поголема самодоверба

3 чекори до поголема самодоверба

Written by

in

,

Кога ќе се погледнете во огледало треба да бидете горди на личноста која ја гледате, но што се случува кога не се чувствувате така? Ниската самодоверба го уништува вашиот дух и не ви дозволува да се прифатите себеси онакви какви што сте, туку ве тера да тежнеете кон нечиј изглед или туѓа среќа. Тогаш, кој е патот до поголема самодоверба?rn

3 чекори до поголема самодоверба

rnrn

Подобро запознајте се себеси

rnДа бидеш свесен за сопствените квалитети не е арогантност туку самодоверба. Дали почесто се осврнувате кон вашите негативни карактеристики? Време е да го промените тоа. Направете листа со вашите добри особини. Дали умеете да сослушате и дадете добар совет? Запишете го тоа како ваша позитивна карактеристика. Добри сте во она што го работите, добивате пофалба за вашата трудољубивост? Наполнете го списокот без да мислите дека тоа ве прави себични.rnrnШто се однесува до вашите недостатоци, ставете ги на посебен список. Добро погледнете го списокот со она што вие мислите дека се ваши негативни страни и размислете со ладна глава за секоја поединечно. Мислите дека треба да намалите некое кило? Дали тоа ќе ве направи подобри личности? Дали тоа ќе ѝ стави крај на ниската самодоверба? Зарем оние на кои се огледувате никогаш не сретнале некој на кого тие му се огледуваат и сакаат да бидат како него? Токму така, совршенството не постои.rnrnКога работите ќе ги погледнете пообјективно фокусирајќи се на вашите доблести, ќе почнете една по една да ги пречкртувате точките од вашиот „негативен“ список.rn

3 чекори до поголема самодоверба

rnrn

Прифатете се онакви какви што навистина сте

rnДали сте совршени? Не. Наведете макар една личност која е. Не можете? Точно така. Тогаш, кон што поточно тежнеете?rnrnДа, имате негативни особини и слаби точки, но секој ги има. Но исто така имате и позитивни. Кога некој ќе ви даде комплимент речете „благодарам“ наместо да се трудите да му покажете дека не е во право.rnrnВие не сте нечија копија ниту пак направени според некаков калап. Вие сте единствени и различни и тоа е она што ве прави оригинални и убави на еден посебен начин. Престанете да идеализирате личности чија работа е да бидат убави. За нив се грижи цел арсенал шминкери и стилисти. Вашата работа е да го разубавите светот со своето присуство, да живеете оставајќи силен впечаток, среќно да воздивнувате и да уживате правејќи го она што го сакате.rnrnНе, не сте „совршени“ пластични фигури, и бидете среќни што е така.rn

3 чекори до поголема самодоверба

rnrn

Сакајте се себеси

rnВие сте личност која заслужува љубов и почит и секогаш осигурајте се дека ги добивате првично од самите себе. Факт е дека доколку не се сакате со сите ваши маани и доблести, не ни треба да очекувате некој друг да ве цени.rnrnПостојат многумина кои ве сакаат можеби повеќе и од својот живот. Ги имате пријателите, семејството, здрави сте и способни, зошто тогаш би се потиснувале и ограничувале себеси?rnrnСетете се на некоја голема задача која сте ја завршиле, тежок период кој сте го пребродиле, личности на кои сте има дале сила да продолжат, на нештото кое сте го направиле иако никој не очекувал дека ќе успеете. Да, навистина сте многу поневеројатни отколку што мислите. А уште кога ќе успеете да ги стивнете гласовите кои ви кажуваат дека треба да бидете нешто сосем друго, спремете се да го освоите светот!