Концертна сала на дување
Оваа интересна концертна сала беше поставена во Јапонија на 27 септември, а ќе остане таму до 13 октомври. Проектот Ark Nova е дело на британскиот скулптор Аниш Капур и на јапонскиот архитект Арата Исозаки, а е наменет за организирање на турнеа низ северниот дел на Јапонија, кој беше најпогоден од цунамито во 2011 година.Салата многу лесно се поставува и издишува, а клупите за седење во неа се направени од оштетените дрва од цунамито. Во салата ќе се одржат неколку концерти, настани и работилници.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.