50 неверојатни факти за Земјата

50 неверојатни факти за Земјата

Почнувајќи од нејзината положба во Вселената, атмосферата околу неа, па сè до водените површини, нејзината внатрешност и луѓето кои ја населуваат, нашата планета Земја самата по себе претставува енциклопедија на интересни факти. Издвоивме дел од нив.

1. Дали сте знаеле дека најдалечната фотографија од Земјата фатена од Вселената е позната како „Бледата сина точка“ и ја направило вселенското летало Војаџер кога било на далечина од 5,9 милијарди километри?

2. Или пак, што мислите колку време би можеле да преживеете без заштита во Вселената? Одговорот е 2 минути.

3. Можеби сте слушнале дека всушност нема 24 часа во еден ден, туку точно 23 часа, 56 минути и 4 секунди – односно тоа е времето кое ѝ е потребно на Земјата за да направи еден круг околу себе.

50 неверојатни факти за Земјата

4. Да преминеме малку на атмосферата. Дали знаевте дека околу 100 тони мали метеорити секојдневно навлегуваат во нашата атмосфера?

5. И кога веќе зборуваме за метеори, најголемиот кој досега паднал на Земјата не оставил кратер зад себе. Метеоритот Хоба бил сплескан на двете страни, па токму поради тоа се верува дека отскокнувал низ атмосферата исто како што отскокнува плоскато камче врз вода.

6. Исто така, дали сте слушнале дека озонската дупка се намалува?

7. Или, пак дека диносаурусите можеле да постојат само затоа што порано во атмосферата на Земјата имало многу повеќе кислород. Рептилите и водоземците повеќе не можат да растат толку големи само поради недостатокот на кислород.

8. Што се однесува до водата на Земјата, дали знаевте дека 97% од неа е солена, додека само 3% е свежа?

9. На Антарктикот има исто толку мраз колку што има вода во Атлантскиот океан.

10. Се верува дека околу 1 милион различни видови суштества живеат во светските океани, од кои 2/3 сè уште чекаат да бидат откриени.

11. Можеби сте слушнале дека дури 90% од вулканската активност се случува во океаните?

12. Интересен е и фактот дека доколку би ја собрале целата вода во топка, нејзиниот дијаметар ќе изнесува 860 километри, односно би била отприлика колку големината на Сатурновата месечина Тетис.

13. Дали знаете на колку километри се наоѓа најдлабоката точка во океаните? Одговорот е 10,9 километри, а областа е позната како Маријанскиот ров.

14. Планетата Земја е единствената планета во нашиот Сончев систем која има тектонски плочи. Без нив, јаглеродот не би бил конзумиран и рециклиран, а тоа би резултирало со прегревање на Земјата исто како Венера.

15. 99% од златото на Земјата се наоѓа во нејзиното јадро, каде што температурата изнесува неверојатни 5.500 степени Целзиусови – што е исто колку температурата на надворешната обвивка на Сонцето.

16. Најтешкиот Земјен кристал досега најден тежел 55 тони и се наоѓал под рудникот Наика за сребро во Мексико.

17. Можете ли да претпоставите до која длабочина во земјата можат да преживеат бактериите? Досега, бактеријата која била најдлабоко пронајдена се наоѓала на 2,8 километри под земја. Тие успеваат да преживеат така што со помош на радиоактивноста од ураниумот ја претвораат водата во употреблива енергија.

18. Најстарите фосили од бактерии кои биле пронајдени во Австралија се стари околу 3,5 милијарди години. Тоа значи дека тие живееле тука уште пред атмосферата на Земјата да биде исполнета со кислород.

19. Сте слушнале ли некогаш за најсувото место на светот? „Сувите долини“ кои се наоѓаат на Антарктикот не виделе дожд повеќе од 2 милиони години.

20. Застрашувачки е фактот дека 75% од видовите животни на Земјата може да изумрат во текот на наредните 300 години. Но, она што е успокојувачки е дека се идентификувани само 14% од сите видови на планетата.

21. Дали знаете некои интересни факти за луѓето? Така на пример, секој ден се раѓаат околу 200.000 бебиња ширум светот.

22. Или пак, сте слушнале ли некогаш дека најстарата позната религиска структура направена од човекот датира од околу 10-тиот милениум пред нашата ера и се наоѓа во Турција.

23. Досега околу 106 милијарди луѓе живееле на Земјата и се верува дека до 2050 година, вкупната бројка на луѓето кои во тој момент ќе живеат на планетата ќе изнесува околу 9,2 милијарди.

Неверојатно, нели? Погледнете го наредниов инфографик кој содржи многу повеќе интересни и незамисливи факти за планетата Земја…

50 неверојатни факти за Земјата

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар