Жените имаат склоност некои работи да им ги премолчуваат на своите партнери. Меѓутоа, секоја врска мора да се темели на искреност, па макар и на моменти таа да е непријатна.Жените се често таинствени спрема мажите, дури и кога нема никаква причина за тоа. Неретко се случува да не ги кажат работите кои ги сакаат, само за да не ги вознемируваат своите партнери. Меѓутоа мажите сакаат кога жените со нив ги споделуваат нивните таинствени мисли, а особено сакаат кога можат и да ви помогнат. Затоа не воздржувајте се, бидејќи молчењето нема да ви оди во прилог.rnrn
Кажете му што чувствувате
rnПромените во расположението се сосема нормална работа, без разлика дали ги предизвикала нервоза, проблеми или лошото време. Она што никако не смеете да дозволите да ви се случи е да се однесувате чудно пред партнерот, без притоа да му објасните за што станува збор. Доколку му објасните, не само што ќе ви биде полесно, туку и поубаво, бидејќи тој ќе ве разбере и ќе се обиде да ви помогне. Дури и доколку сакате да бидете сами и ви е потребно некое време во мир и тишина, нема да биде никаков проблем. Сè што треба да направите е да му кажете, а тој ќе ве разбере.rnrn
Побарајте помош кога ви е потребна
rnВо ред е да мислите дека можете се сами, ама не е во ред да го изоставувате вашиот партнер од сè. Вашата врска ќе добие на цврстина кога ќе сфатите дека некои проблеми можете да ги решите заедно. Тоа што барате помош од вашето момче или маж, не значи дека во неговите очи ќе изгледате како слабак, туку баш спротивно. Тој ќе гледа на вас како на нешто свое кое во секој момент треба да биде сигурно и заштитено. Затоа, не молчете.rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

