Како да имате продуктивна слободна година?

Како да имате продуктивна слободна година?

Иако кај нас сè уште ваквата појава не е толку популарна, сепак зема замав така што неретко луѓето се одлучуваат да земат „слободна година“. Тоа би значело дека си давате себеси една година одмор пред да продолжите со вашето образование, или пак сте одлучиле дека вашето работно место не ви одговара па сакате да се пронајдете себеси пред да започнете со нова работа.

Но за жал, неретко таа слободна година ќе трае многу подолго, а многумина потоа воопшто и не се одлучуваат на продолжување на студиите. Како да го спречите тоа? Како да земете слободна година без да чувствувате грижа на совест? Дали таа година треба да биде само одмор, безделничење, патување и откривање на светот и себеси? Напротив, ќе мора да се потрудите да ја направите продуктивна. Ова се неколку начини како да го постигнете тоа.

Како да имате продуктивна слободна година?

Волонтирајте

Да, ова може да ви звучи како клише. Но волонтирањето е секогаш одличен начин за пополнување на времето, влијателна точка во вашето CV, како и можност за стекнување искуство. Кога паузирате година имате можност да направите толку многу бидејќи имате слободно време. Со волонтирањето ќе си помогнете себеси, а и на другите.

Најдете невладина или хуманитарна организација, вклучете се во некаков проект, собирајте добротворни прилози. Меѓу другото, важно е што ќе запознавате нови луѓе, ќе остварувате контакти кои може да ви притребаат во иднина, а може и многу да ви помогне во откривањето на самите себе и на она што вие во иднина би сакале да го работите.

Сезонска работа

Верувајте, доколку таа година ја поминете во одмори и патувања, не само што значително ќе ви се намали буџетот, туку ќе чувствувате како буквално да сте го изгубиле сето тоа време залудно. Зошто да не одвоите макар неколку месеци работејќи сезонска работа? Доколку сте студенти, постојат многу начини да работите во странство на неколку месеци. Станува збор за големо животно искуство, а можеби и нешто што целосно ќе ве промени или насочи во животот.

Како да имате продуктивна слободна година?

Учете

Да, претпоставувам дека паузирате од факултетот, но тоа не значи дека треба да заборавите како изгледаат книгите. Напротив, доколку се држите во некаква допирна точка со учењето и стекнувањето нови знаења ќе ви биде многу полесно повторно да се прилагодите на студиите. Запишете се на курс за некој странски јазик или пак научете некој занает. Запомнете, секогаш има нешто ново кое треба да го научите.

Како да имате продуктивна слободна година?

Личен проект

Сега е вистинско време да започнете ваш личен проект. Секако, осмислете го многу добро, одете во детали, испланирајте го секој чекор и направете нешто што ќе ве направи неизмерно горди самите на себе. Може да направите свој блог на кој ќе споделувате идеи, знаења, фотографии, совети и сл.

Почнете со креативни фотографии од местата кои ги посетувате. Којзнае, можеби поради вашето искуство во иднина ќе станете професионални фотографи, или макар ќе ви биде добро хоби од кое одвреме-навреме би заработувале. И секако, тука е одличниот начин да ја обележите таа година и да ја направите продуктивна и многу значајна – започнете да пишувате свој дневник или преточете некоја ваша мисла во новела или расказ. Нема зошто да чекате. Вистинското време е сега.

Хонорарна работа

Доколку вашите вештини можат да се искористат на компјутер, независно од вашата локација, ова е одличен начин добро да заработувате додека се забавувате во некоја друга земја. Тоа може да се вашите јазични вештини, дизајн, програмирање, социјални мрежи и слично, впрочем сè она можете да го сработите без да бидете физички присутни на одредено место.

Освежете ги вашите профили на социјалните мрежи за да ги истакнете вашите вештини и да им дадете на знаење на луѓето што правите и за што може да ве ангажираат. Потоа влезете во потрага по хонорарна работа. Постојат многу сајтови кои ангажираат фриленсери. Elance.com, Guru.com, oDesk.com и Peopleperhour.com се некои од нив.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар